
Единствено љубовта може да биде причина тој да се предаде на нагоните за емотивна поврзаност со вас!
Без покана , љубовта се всели во вашето срце, а тој преку ноќ стана совршен за вас. Не залудно рекле дека вљубеноста прави чуда, а недостатоците на партнерот ги брише на наобјаснив начин. Тоа се случи и со вас, но целата идила како да е засенета од сомнежот дали и тој го чувствува истото.
Вашата љубов кон тој вистинскиот е дефинирана, но дали сте сигурни дека и тој го дише истиот емотивен воздух како вас?
Неговите постапки многу лесно може да ве доведат до вистинскиот одговор. Потпрашајте ја интуицијата и дознајте дали е навистина вљубен или само станува збор за неговата успешна глума да ве заведе, а потоа остави!
Симтом 1: Физичка и емотивна блискост
Она што непрестајно го тера да ве гушка и бакнува со сета страст на светот е физичката привлечност. Токму таа е одговорна за брзината со која трчате во неговите прегратки. Но, освен тоа, тој е тука за да ви раскажува за себе, за спомените од детството, за неговите понекогаш необични навики, за најскриените желби...
Се интересира за вас во секој миг од деноноќието, тука е за да ве стопли кога ви е ладно, да ве насмее кога сте тажни, да ве ислуша кога сте вознемирени...едноставно да биде едно со вашето емотивно јас.
Единствено љубовта може да биде причина тој да се предаде на нагоните за емотивна поврзаност со вас!
NotForMen препорака: Зар „Те сакам“ има стоп?
Симптом 2: Подготвен е на компромис
Не секој маж ќе го запостави соственото его во име на женските принципи. Кога вистински му значите, тој нема да внимава на сопствените жртви во име на вашата врска.
Никогаш и за никоја друга претходно не ги негирал ставовите, но вие сте таа која го поколеба во самодовербата, а тоа е првиот знак дека станува збор за љубов.
Без проблем знае да скрати од сонот за да ви ја посвети вечерта вам и го прифаќа секој ваш избор за заеднички викенд колку и да не се совпаѓа со неговиот вкус.
Тоа може да биде знак дека умот му е таму кај што сте вие!
Симптом 3: Внимава на деталите
Се сеќава на разговорот од вечерта кога се запознавте, го запомтил вашето омилено јадење, а во неговиот автомобил кога и да влезете свири вашето омилено ЦД?
Мажите и детаљите се две контрасни категории, но кога тој навистина памти некои моменти тоа може да биде знак дека навистина му значите.
Нему му се допаѓа вашата коса, се интересира за секоја минута од вашиот работен ден или ве прашува за плановите дури за во далечна иднина? Сите овие нешта може да го издадат дека го и тој дише во ритамот на љубовта. Ви преостанува да бидете среќни во врската!
.gif)






















.gif)























