
Предложете му на партнерот да посетите некое излетничко место или појдете во театар да гледате комична драма.
Работата ви ги краде последните сили, а дома наместо пофалба за досегашните и поттик за натамошните успеси, ве пречекува намуртеното лице на партнерот. Дополнителен фактор е монотонијата на секојдневните обврски која го бои вашето расположение во темни тонови и веќе се наоѓате пред поразот на сопствената врска. Каде исчезна почетната страст?
Дури и времето кое треба да го славите во име на љубовта која ве врзува, се сведува на монотоните навики и стандардните караници кои се последица на недостигот на идеи како да уживате во заедничкото време, а од авантурстичкиот дух ни трага ни глас.
NotForMen препорака: Не робувајте и на сопствената врска!
Време е да кажете стоп на овие крадци на вашата среќа и да поверувате дека и еден час со партнерот можете да го направите вреден за паметење, само треба тоа да го посакате доволно силно и да се обидете заедно!
Караниците не водат никаде, освен кон фрустрации и опсесивно-насилна врска, затоа предложете му ги на партнерот новите идеи за дружење и бидете креатори на поинаквите принципи во вашата врска, оние кои ќе бидат вредни да не бидете роб на сопствениот избор.
Следниве идеи зачинете ги со вкусот на вашата љубов, додадете нежност и страс и уживајте во консумацијата наречена совршена врска!
- Слободниот ден во неделата поминат во затворена просторија со телевизиската програма, нема да ви донесе ништо ново. Затоа, предложете му на партнерот да посетите некое излетничко место или појдете во театар да гледате комична драма.
- Предложете му викенд на планина и побарајте да ве научи да скијате. Вие ќе имате ново хоби, тој задоволство да ве крева по снегот, а за караниците нема да остане време.
- Еден ден во неделата одвојте за домашна забава со пријателите, но под услов да соработувате во кулинарски вештини. Ангажирањето околу оригиналните идеи за да ги импресионирате гостите ќе ве направат успешен тим. Поделбата на обврските и поделба на задоволството од една прекрасна забава на која пријателите ќе бидат импресионирани од вашата компатибилност како пар!
- Искористете ја паузата од работа и секоја слободна минута за да го видите. Зарем има поубаво нешто од појадокот со саканиот паралелно со првите утрински зраци, а тоа е доволен повод со нова енергија да се вратите на работните обврски.
- Наизменично предлагајте кои локали ќе ги посетувате или идеи за дружењето во домашен амбиент, за да ја убите монотонијата на секојдневието. Едноставно, натпреварувајте се кој има покреативни идеи.
- Изненадете го нешто лудо. Ваучер за СПА масажа, билети за во боулинг клуб, суши од јапонски ресторан, па дури и најмалиот преврзок за клучеви може да го импресионира доколку е оригинален.
.gif)






















.gif)























