
Вашите емоции како да не беа доволно силни онаа ноќ кога дозволивте да бидете заведени од погледот на поранешниот и да завршите во неговите прегратки.
Велат не прави го она што не сакаш да ти го прават, а вие ни најмалку не сакате да бидете изневерени, особено не ако се работи за емоции.
Но вашите како да не беа доволно силни онаа ноќ кога дозволивте да бидете заведени од погледот на поранешниот и да завршите во неговите прегратки. Сето тоа „потпомогнато“ од лудата атмосфера и текилите на шанкот.
А зарем немавте момче во чија љубов се колневте и чија доверба ја славевте?
Неверна – барем на ноќ
Кога ја заборава годишнината, кога го исмејува вашиот избор за ресторан, кога со месеци не сте чуле комплимент од него, можеби првата мисла ви е утехата да ја побарате во друштво на симпатичниот пријател на вашиот колега или уште посигурно со поранешниот кој се уште ве нема преболено.
И нема простор за паника ако тоа се сведува на попатна мисла која ја окупира вашата глава во моментите на криза и монотонија во врската, но застанете пред вашите планови да преминат кон фазата на реализација. Не предизвикувајте го гревот кој е кобен не само за врската, туку и за вашата личност!
Неверството – барем за една ноќ, наместо замаглени очила да не ги забележувате недостатоците во врската, ќе ви донесе многу нови недостатоци кои ќе се препишат лично на вашиот карактер.
NotForMen препорака: „Го изневерив“ - 10 добри причини зошто да му кажете
Предизвикот да се соочите со утрешниот ден
Го изневеривте! Сакавте или се случи, немавте намера или долго кроевте планови – вашето неверство украде дел од довербата во врската, а на љубовта како да и постави стаклена подлога. Ништо не е како што беше до вчера! Туѓиот пораз боли, но сопствениот уште повеќе!
Како да му ги понудите усните кои само една ноќ претходно му ги нудевте на друг? Дали да му признаете кога стравот грешката да ја платите по цена на раскинувањето е поголем од самите вас?
Заплеткани во дебелите јазли на самоизмачувањето, барате само еден одговор - Дали пресудата да ја донесете сами или да оставите вистината сама да го побара својот пат?
Ризикот дека ќе дознае, сеедно дали од вас или од други, како дебела сенка виси над прозорецот од вашата врска, а вие се што посакувате е да го вратите времето назад и да ја смените атмосферата и дозата алкохол кои ве осудија да бидете неверна.
Одговорност за последиците, поука за врската
И додека солзите се само чиста симболика за вашето покајание, обвинувањата дека се што ќе допрете - уништувате се ваш воздух.
Доколку стравот да не го изгубите саканиот е поголем од секоја помисла на вашата грешка, тогаш поуката од овој ден нека биде најголем предизвик на вашето секојдневие, овој пат во име на љубовта, а не во име на најлесното бегство од проблемите и одговорностите во врската.
Можеби дознал или ќе дознае, можеби ќе му признаете или тајната нема да ја изустите додека сте живи, во сите случаи бидете храбри да ја грабнете одговорноста во свои раце толку цврсто што ќе го уверите дека време е да почнете да го цените она што го имате во врската - љубов и поддршка без оглед на малите кризи кои, ни под разно, не треба да бидат причина за неверство од било чија страна кое може да биде само чекор до раскинување. Сигурно не сакате десетминутното навидум задоволство да го плаќате со раскинување на врската со некој кој ви значи!
.gif)






















.gif)























