
По некој лажен збор и неколку неисполнети ветување се доволна причина да се запрашате дали ја заслужува вашата љубов.
Почетните медени денови од врската како да се претворија во најголем отров за вашето срце. Тој беше идеален за да ја разгори почетната страст на заедничката постела од рози и повеќе од доволен за да заедно разговарате, се смеете, му се доверувате и водите љубов со него.
Посакавте тоа да трае до бесконечноста, но една молња како да беше разурна за целата таа почетна магија на она во што ги положувавте своите животни амбиции. Страшно невреме го зафати вашето и онака нежно срце кога дознавте дека тој покажува и поинакви лица од она со кое ве освои.
Кога маските паѓаат останувате насамо со ниските удари по вашата самодоверба токму од главниот актер во претставата – вашиот партнер!
Дефинирајте ги чувствата
Дајте си време на себе си за да ги дефинирате чувствата кон партнерот. Можеби се вљубивте во мажот кој ве освои, но не заборавајте дека токму тој туку што се покажа како добар актер со лошо сценарио во вашиот живот.
По некој лажен збор и неколку неисполнети ветувања се доволна причина да се запрашате дали ја заслужува вашата љубов. Но повеќе е од јасно е дека вашето срце не поставува прашања уште помалку бара рационални одговори и дури кога маските ќе паднат е подготвено за емотивна жртва.
Копнеете по насмевката со која ве освои онаа вечер меѓу милиони други и погледот кој ветуваше дека „оваа љубов ќе го спаси светот“, а не да дигне бело знаме пред првата препрака на вашиот заеднички пат. Но времето како да стана непријател на тој ваш копнеж.
NotForMen препорака: Диктирајте како да ве освојува
Зборови и дела
Комуникацијата наиде на слепа улица, а вие посегнавте да се обвиткате со сомнежи дека му значите помалку и од минатогодишниот снег.
Вашите драми, а уште помалку разделбата нема да ги сменат неговите особини кои ве прогонуваат во ноќите. Затоа не седете со скрстени раце туку повикајте го на вербален двобој. Мистеријата нема никаде да ве однесе, затоа играјте со отворени карти.
Доколку до сега не сте го сториле тоа покажете му дека ви значи, но нагласете ја вашата немоќ да останете во врска со маж чие однесување не го оправдувате.
Дајте му простор да ги негира вашите сомнежи и да ви подари доволно добра причина за неговото променето однесување. Разгледајте ги сите испреплетени околности пред да го обвините за лицемерие.
Една, но не и повеќе шанси
Доколу вашата интуиција и натаму ве убедува дека љубовта е обострана, а врската се уште не е целосно потоната обидете се со уште една шанса, но не и повеќе.
Поместете го прагот на толеранција од ваша страна, но само за неколку сантиметри.
Една шанса може да значи нештата да се променат на подобро, а вие да уживате во љубовта која на почетокот беше ваша најголема инспирација за се во животот.
Вашите заложби сведете ги на една шанса плус за мажот кој ви значи, а времето ќе ви го донесе одговорот дали да ја прекинете играта затоа што не ви одговараат новите маски и костими на главниот актер во вашиот живот или тој е оној во кој се вљубивте на самиот почеток.
.gif)






















.gif)























