
Не бидете жртва на лоша комуникација, а уште помалку не дозволувајте таа да стане повод за разделба.
Како да се соочите со моментот кога силната љубов почнува да бледее, а на долгогодишната врска со партнерот и се бројат деновите?
Што можете да сторите за да останете под ист чадор додека страшно невреме го зафаќа вашето љубовно небо?
Се наоѓате на само неколку чекори од раскинувањето, а веќе го чувствувате допирот на болката и мирисот на безнадежноста дека нема да умеете понатаму сама.
Во некои ситуации е неизбежно, но често пати има повеќе од доволно поводи да се потрудите да го спречите раскинувањето.
Еве на што треба да внимавате за да ја одржите врската здрава и квалитетна, а заканите за нејзиното раскинување да останат само неважен спомен од вашата реалност.
Подобрете ја комуникацијата
Не бидете жртва на лоша комуникација, а уште помалку не дозволувајте таа да стане повод за разделба.
Експертите за врски советуваат на секој проблем без разлика на неговите димензии да му посветите време и внимание и секако труд да го решите.
Одложувањето и премолчувањето ги трупаат проблемите кои може многу лесно да ја наполнат чашата на вашето или неговото трпение, а со последната капка разделбата е најпосакуваната опција.
NotForMen препорака: Нормални работи во врска
Без навреди и обвинувања
Нападот не е најдобра одбрана кога е се работи за љубов.
Заобиколете го најлесниот начин - навредите да ги сервирате со повишен тон и да го обвините за сите реални и измислени грешки.
Треснувањето врата, љубоморните сцени и обвинувањата дека проблемите се негова заслуга наместо да ја поправат ситуацијата може само да го забрзаат ставањето на точка по вашата приказна и дефинирање на различните патишта за двајцата.
Покажете му дека ви значи
Некогаш одамна ги киневте ливчињата на цветот „ме сака, не ме сака“ и верувавте на приказните од шолјата кафе, но сега барате веродостојни докази на љубовта. Истото важи и за вашиот партнер затоа покажете му колку ви значи.
Потсетувајте го дека го сакате, а со малите изненадувања покажете му дека љубовта е вашиот најголем мотив да ги надминете сите кризи кои се закануваат на вашата врска.
Љубовта нека биде вашиот заеднички одговор на прашањето за разделбата. Ветете си Стоп за мазохизмот: Време е за љубов!
Дознајте неколку интересни факти за раскинувањето!
.gif)





























.gif)























