
Одевте до крај со самоубедувањата дека сте сакани и дека вреди да се борите за оваа врска иако срцето ви го говори спротивното.
Не претпоставувавте дека срцето ќе ви го зароби оној црноокиот убавец кој случајно го запознавте на автобуската станица, уште помалку деке најубавите моменти од љубовта ќе ги делите токму со него.
Колку и да фантазирате за романтична средба со принцот од соништата и една љубов за цел живот, не постојат правила дека во точно одреден момент на точно утврдено место ќе го сретнете вистинскиот затоа што срцето не познава правила и не робува на стереотипи, а и ретко се консултира со разумот.
Вашето ново ултра крако фустанче или црвениот кармин не се гаранција дека ќе го освоите типот кој го меркате веќе со месеци, но затоа многу лесно можете да добите покана за кафе од некој познаник на вашата колешка од работа за кој не сакавте да верувате дека може да биде достоен кандидат за вашите рака и срце.
Со сила љубов не бидува
Вложивте надприродни напори да го освоите, задржите и да се пофалите со двегодишна врска со момчето од сосетството, но што ви вреди кога ќе сфатите дека целото тоа време глумата била секојдневите на врската. Одевте до крај со самоубедувањата дека сте сакани и дека вреди да се борите за оваа врска иако срцето ви го говори спротивното.
Затоа што тој е убав и мил, паметен и фин за другите, не и за вас, не треба да го одложувате крајот на врската во која љубовта има лажен сјај, а секој следен чекор е ваше измачување.
Моментот кога ќе сфатите дека трошките љубов кои постоеле на почетокот се однесени со првиот ветер на иронијата на судбината ќе ви потврди дека со сила убавина не бива, уште помалку љубов.
NotForMen препорака: Верувам во љубовта, живеам сега
Случаjните работи се најслатки
Студениот утрински воздух, а уште помалку градската гужва не беа причина да не го забележите црноокиот убавец на автобуската станица. По неколку утра и уште толку разменети разговори за времето или случувањата во градот се случи вашата пријателска средба.
Кој би рекол дека по само неколку месеци запознавање и и сто толку месеци во врска сега ќе важите за највљубениот пар, но не само пред другите. Потајно се смешкате на вашето случајно запознавање и неочекувано вљубување за да на крајот сфатите дека случајните работи се најслатки, исто како вашата љубов во која со задоволство ќе уживате додека трае. Случајно го сретнавте и запознавте и сосема случајно сфативте дека случајните работи ви го променија живото во позитивна насока.
Сакајте и бидете сакани!
Не плашете се кога демоните на неостварената љубов и сета попатна болка ве прогонуваат, ниту очајно трчајте по ангелите на љубовта за која сонувате затоа што времето е вистинскиот судија на сите случувања, а универзумот сојузник во остварувањето на вашите желби.
Насмевнете се на денот кој може да носи слатко спакувани љубовни доживувања, заблагодарете затоа што умеете да сакате и верувајте дека ќе бидете сакани!
.gif)






















.gif)























