
Осаменоста најмногу ги плаши постарите мажи што негативно може да се одрази на нивната здравствена состојба.
Секојдневно слушате милион вистини и заблуди за мажите и нивните специфични карактери. Но пред безрезервно да поверувате во сите нив, дознајте ги овие 5 помалку познати факти.
Потоа анализирајте го вашиот брат, пријател, близок колега или едноставно партнерот и ќе се уверите дека емоциите им се навистина важни колку и да изгледа поинаку, додека се млади имаат бурен темперамент, но сепак искрено сонуваат за брак и деца, а за да не ве заборават држете се во нивното видно поле!
Тие се исто толку емотивни како и жените
Машките бебиња се почувствителни за разлика од женските, но со растењето тие учат како да ги кријат емоциите кои се сметаат за несоодветни за машкиот пол.
Мажите реагираат емотивно се додека не се свесни, а кога ќе се свестат во нив најчесто се буди инстинкт да останат воздржани и дистанцирани. Поради честото прикривање на емоциите нивните реакции изгледаат помоќни, но тоа не значи дека се помалку емотивни од женскиот пол.
Се плашат од осаменост
Осаменоста најмногу ги плаши постарите мажи што негативно може да се одрази на нивната здравствена состојба.
Мажите во брак се поздрави, живеат подолго и се психички постабилни, покажале низа истражувања за пристапот кон осаменоста од страна на двата пола.
NotForMen препорака: 15 инстант факти за мажите и жените
Тие се визуелни суштества
Додека женскиот мозок е фокусиран на вербалниот израз на емоциите, мажите силно реагираат на визуелни стимулации.
Најверојатно тоа е и причината поради што тие може да ја заборават жената доколку таа е надвор од нивното визуелно поле.
Млади и брзи Vs. Стари и зрели
Додека младите мажи имаат натпреварувачки дух и се склони кон агресија кога некој ќе стапне на нивна „љубовна“ територија, повозрасните и позрели мажи се подготвени на компромис и соработка за општото добро.
Промената е поврзана со природниот пад на тестостеронот паралелно со стареењето.
Сонуваат за брак и деца
Најголемата дилема дали мажите сакаат да се женат полека е разрешена од страна на експертите кои тврдат дека мажите можеби се плашат од обврски, но тоа не ја намалува нивната желба за брак и деца.
Дури 60% од мажите сакаат да основаат семејство и да се најдат во улога на верен сопруг и посветен татко.
Според психолозите проблемот со врзувањето најчесто е генетски, но тој е застапен кај помал процент од машката популација.
.gif)






















.gif)























