
Мажите сакаат да озборуваат исто како и жените, а можеби и повеќе.
Залудно се обидувате да ја активирате сета здраво-разумска логика за да ги разберете неговите на моменти чудни навики кои од женски аспект ги нарекувате недостатоци. Како и да е тие се својствени за повеќето мажи, а на жените не секогаш им успева да се адаптираат на истите.
NotForMen препорака: 5 иритирачки женски навики за мажите
Магазинот „Brides“ направил мала листа на најчестите недостатоци кои се заеднички за сите мажи. Најверојатно сакале да ги предупредат идните невести што ги чека од заедничкиот живот со партнерот.
Еве ги најчестите недостатоци кои може да се додадат како префикс на целиот машки пол.
- Никогаш не слушнал за зборот мултитаскинг или способноста за работење на повеќе работи одеднаш.
- Обврски во домаќинството? Дали е тоа кога ќе се сети да ја спушти даската од вц школката? И се разбира мора да нагласи дека вистинскиот маж не работи по дома.
- Вашиот телефонски разговор со пријателката или мајка ви секогаш ќе го нервира бидејќи не може да сфати за што разговарате со часови.
- Ако мислите дека не го интересираат трачеви се лажете. Ставете го на тест и ќе видите дека сака да озборува исто, па дури и повеќе од женско.
- Иако се чини дека не слуша што зборувате, не грижите се. Слуша се, но не секогаш сака да реагира.
- Помирете се со фактот дека никогаш нема да биде возбуден поради новата постелнина или кинеската вазна која ви го украсува домот.
- Кога ќе изврши некоја обврска во домаќинството ќе знаете бидејќи тоа ќе биде главна вест во домот.
- Имајте трпение доколку се разболи бидејќи „на никого, никогаш не му било потешко“.
.gif)






















.gif)























