
Денес се што барате за тој да биде ваш идеален се безусловна љубов и долгорочна посветеност на врската.
Секоја наредна година значи критериум плус на вашата листа за потенцијален партнер. Колку и да не сакате да си признаете факт е дека денес многу поважно ви е неговото рамо за потпирање отколку пијачката која ќе ве почести.
Уште во средношколските денови ќе се соберевте со пријателките и ќе ги дискутиравте момчињата кои ви се допаѓаат и секогаш главната причина за да го елиминирате тој еден од списокот на симпатии беше неговиот лош вкус за облекување, локал за вечерно вечерно излегување, пријатели и мал милион други споредни нешта.
Денес ни најмалку емоционално не ве допира брендот на неговата облека или било што друго материјално, уште помалку каде излегува и со кого се дружи.
Денес се што барате за тој да биде ваш идеален се безусловна љубов и долгорочна посветеност на врската!
NotForMen препорака: Убавината и критериумите за партнер!
И доколку ги следите стереотипите и верувате дека има барем грам вистина во нив ќе помислите дека на мажите најважно им е токму спротивното.
Тие на прв поглед ја забележуваат атрактивноста на изгледот и физичката привлечност, па дури потоа карактерот на партнерката.
Што всушност ним им е најважно?
Атрактивност
Ова не значи дека треба да изгледате како модел од модна писта или ѕвезда за на црвениот килим, но секој маж покрај себе посакува партнерка која ќе внимава на својот изглед и тоа само за неговите очи. Нему му е посебно возбудливо кога е во друштво на девојка која изгледа атрактивно, но не за другите туку токму за саканиот, а во прилог на тоа говори и фактот дека мажите се визуелни суштества и имаат посебен вкус за женската убавина.
Да ја разбирате неговата смисла за хумор
Можеби треба да се каже дека хуморот е неофицијално клучниот елемент во флертувањето на мажите. Тие сакаат да се смеат и да се забавуваат.
Животот и онака не е детска игра, па повеќето мажи би сакале крајот на денот да го поминат насмеани во прегратката на саканата.
Тој се чувствува помоќен и поинтересен, а насмевката е како лепак кој спојува две срца и секако најдобриот афродизијак.
Да го сакате за тоа што е
Мажите сакаат жена која ќе ги сака, а не жена на која ќе и требаат. Секој маж сака да биде сакан заради него самиот.
Ниедно машко не сака жената да го гледа како банка, татко по потреба или средство за постигнување на било која цел.
Искреност и трпеливост
Посебно ќе му значи доколку вие бидете таа која трпеливо ќе се бори против сите предизвици и искрено му изразува љубов и лојалност.
Тие особено ја ценат способноста на партнерката реално да ги согледа разликите и на соодветен начин да ги решава конфликтите во врската.
.gif)






















.gif)























