
Дали го изгледавте прекрасниот трилер „The girl with the dragon tattoo“? Последната сцена... Таа доаѓа со два подароци за него, еден материјален, а другиот нејзиното срце.
Дали го изгледавте прекрасниот трилер „The girl with the dragon tattoo“? Ниту ќе ви го прераскажуваме, ниту фалиме, само едно: задолжително погледајте го!
Дали е „the end“?
Последната сцена... Таа доаѓа со два подароци за него, еден материјален, а другиот нејзиното срце. Но тој излегува од домот со друга жена под рака, а нејзиното срце се распрснува како огледало на илјадници мали парчиња. „The end!“
Сцена следна: Очај или добивка?
После ваков крај дали следува 7 години несреќа, самотија и очај? Сигурно во себе климате со главата, но не, време е да му ја посакате сета среќа на светот!
Вие имате доволно големо срце за да го сторите тоа, затоа што тој не беше само уште еден маж во вашиот живот. Тој беше највлијателниот врз вас. Поинаков од останатите со моќта да допре до вас и да влијае врз вашиот карактер.
Што ви докажа?
Успеа да го скроти ѕверот, да ја канализира нежноста и незабележително да допре до најголемите длабочини на вашата душа. Да, тој ви покажа дека знаете вистински да сакате. Па нему треба да му благодарите цел живот што направи да видите дека сте топлокрвен човек, како и сите други и дека и за вас љубовта имала смисла.
NotForMen препорака: Моќта на вистинската љубов
Ултимативната придобивка!
Кога сите маски паднаа дојдовте во допир со вистинската жена во вас, онаа предана и спремна да сака. Но знаете љубовта некогаш трае, а некогаш боли, но важно е да ја почувствуваме. Само со нејзиниот допир на наша кожа животот станува вреден за живеење.
Сега сте голема девојка!
Не држете се за она „само вчера беше времето на нашите животи“, слепо тонејќи кога се будевте во неговата прегратка, помислете дека тие жалби, каења и болка ќе ве направат силната жена која утре повторно ќе љуби.
Никогаш не верувавте дека ќе љубите некој како него, но тој со својата појава во вашиот живот случајно ви ги претвори соништата во јаве. Сега кога сте веќе голема девојка, пуштете го да оди таму каде што зацртал и бидете величествената – посакајте му ништо освен добро.
А уште еден маж? Да, ќе има, и уште еден и уште еден... и еден засекогаш ваш.
.gif)






















.gif)























