
Ако добро размислите, сигурно ќе се сетите, но ние сме тука за да ви укажеме. Се чувствувате запоставено, сакате да го освоите, сакате да се ослободите од него, сакате да проверите колку е заинтересиран за вас... во сите овие случаи добро ќе ви дојдат нашите техники.
Секси изглед. Оставете ги фармерките малку да одморат, облечете потесен фустан со деколте. Ако е навикнат да ве гледа во секојдневни комбинации, ова ќе биде големо освежување за него. Ќе го потсетите за вашите квалитети и сексапилот што го поседувате.
Флертувајте со останатите. Ова е одличен совет ако сте во фаза на негово освојување. Не мора да почнувате разговор со другите мажи околу вас, доволно е со изгледот и погледите да привлечете внимание. Имајте став како целиот свет да ви се потчинил. Вниманието што ќе го наметнете на себе ќе ја забрза неговата нерешителност. Повеќе нема да стои и да ве гледа од страна.
Бидете секогаш зафатена. Правете ги своите омилени работи, забавувајте се, покажете дека немате време за него. Ова ќе го излуди и ќе го натера постојано да мисли на вас и да се прашува што правите. Оваа техника најмногу може да ви помогне ако сакате да го направите љубоморнo момчето што ве оставило. Вие сте продолжиле со главата крената горе, а тој продолжил со каење.
Најдете си машки пријател. Овде не мислиме на оние што веќе ги имате, туку на некој што случајно се појавил во вашиот живот. Одеднаш вие постојано сте заедно, може да ве видат и сами, постојано весели и насмеани. Несигурно изјавувајте дека сте само пријатели. Ретко кој ќе ви поверува.
.gif)






















.gif)























