
Можеби не ви е верно, но има и мажи кои е тешко да ги натерате да спијат со вас за една вечер. Причините за неговата повлеченост се од различна природа. Тука станува збор за некој многу срамежлив, некој со помалку искуство во таа работа или пак некој кој има поинакви намери од вашите. Сте му оставиле добар впечаток и смета дека вредите да ви се даде етикетата потенцијална девојка.
Што треба да направите? Многу е едноставно. Направете го истото она што минатиот викенд вам ви го правеа.
Повеќе сензуалност. За почеток треба само да ја покажете вашата женственост и нежност. Бидете љубезна со него, праќајте му невини погледи и секоја прилика користете ја за случајни допири. Додека објаснувате нешто допрете го за нога, во гужвата ќе се случи да ве турне некој, веднаш задржете се за него, наместете ја неговата "растурена" кошула. Во оваа фаза не сте му дале ништо на знаење освен дека сте мила и слатка.
Припијте се во него. Откако створивте одредена блискост време е да премините на малку поинтимен допир. Ставете ја вашата рака околку неговата половина, на неговиот врат, или ако неговата рака е во џеб вие веднаш ставете ја вашата под неговата. Наводно изморена сте и ви треба малку да се одморите врз неговото тело. Ако тоа не му смета или уште подобро и тој ве припие кон него да ве заштити, тогаш сте на вистинскиот пат.
Танцувај со него. Танцот е одличен за да се зголеми бројот на допирите помеѓу вас и контактот со очите кој е многу важен. Ова не значи да имате секс преку облека на подиумот, држете граница, сексот оставете го за подоцна. Но, ако тој не е тип што танцува одма прескокнете ја оваа фаза. Ако го терате на сила и го малтретирате, а тој едноставно нема поим што и како треба да прави, сите поени што ги собравте до тогаш ќе ви пропаднат. Тој како и да е ќе се извлече, и одма ќе побегне од вас за да не се доведе во истата ситуација кога ќе пуштат некоја ваша песна.
Малку масажа. Некако успеавте да го напуштите локалот и го убедивте да отидете кај него дома за на раат да си разговарате. Откако паднаа и неколку бакнежи, време е да преминете на главното. За најлесно да го возбудите повторно употребете ги прстите. Нежно и полека почнете да го масирате вратот. Речете му дека уживате да масирате, но за да се увери колку сте добра во тоа, треба да се соблече. Сега треба да одиграте многу мудро. Не се доволни само неколку стискања и ете сте го легнале. Бидете внимателна, постепено возбудувајте го преку вашите допири и желбата за секс сама ќе му се појави.
Ако не забележавте, секој од чекорите го изведувавте преку допир. Затоа морате да научите како да допирате со сензуалност истовремено пренесувајќи сексуална енергија.
.gif)






















.gif)























