
Не можете да очекувате дека неговите родители се како вашите и дека средбата со нив ќе оди подмачкано или дека ќе ве засакаат од прв поглед. Секој родител заштитнички е настроен кон своето дете и го сака најдоброто за него особено кога станува збо за избраникот на неговиот живот. Мажите посебно се врзани за мајките. Ако ја освоите мајка му ќе го имате за цел живот.
Првата средба и впечаток се многу важни. Освен што ќе внимаваш на пристојниот изглед и ненаметливата шминка, биди културна и љубезна. Покажи и дека и ти имаш домашно воспитување. Понуди и се да и помогнеш околу поставувањето на масата за јадење или миењето на садовите.
Започни разговор на тема која што најмногу ја интересира. Претходно заврши си ја домашната задача и распрашај го твојот дечко околу тоа. Ако е љубител на мачки, зборувај со неа за тоа. Биди природна не мора да глумиш дека и ти ги обожаваш. Ќе се увериш дека следниот предмет на разговор ќе бидат твоите интереси во животот.
Иако во моменти на нервоза твојот дечко кажал по некој лош збор за неговата мајка, не дозволувај тоа да ти биде водач за твоето однесување. Ти мора да ја почитуваш без разлика каков е нивниот однос дома. Не гради погрешни ставови за неа се додека лично не ја запознаеш.
Една средба не е доволна за да ја освоиш неговата мајка. Потребно е време, труд и правилен пристап. За вистински да се поврзеш со неа третирај ја како пријателка. Не го заборавај нејзиниот роденден, годишнина. Редовно на денот на жената изненади ја со букет цвеќе. Зборувај пред неа за себе си и твоите планови. Ќе се изненадиш колку може да ти се најде како подршка.
Мал совет: најважно од се е да го промените ставот дека мајките на вашите партнери не се ѕверови туку мајки многу слични на вашата.
.gif)






















.gif)























