
Случајно започнувате разговор со дечко на нет. Другиот ден повторно се наоѓате и без да забележите ви поминале 5 часа во разговор и смеа. Сега има веќе две недели како комуницирате, си разменивте и фотографии, отворено разговарате за се, дури си имате и закажано термин кога да се уклучите за да зборувате. Се сретнувате и се разделувате со слатките апликации за бакнежи. И вашите другарки знаат за него.
Направивте скоро месец и вие решавате дека можеби е време конечно да се сретнете во живо. Токму кога сакавте да му предложите, тој ве изненадува со информацијата дека викендот запознал девојка која многу му се допаѓа и планира да ја покани на состанок. Јасно е дека сте љубоморна, но дали имате право да покажете? А, да го спречите?
Навистина новите форми на комуникација ни дадоа поголема слобода и храброст да разговараме со тој од другата страна. Но колку можеме да се потпреме на вистинитоста на ветувањата и изјавите? Сепак не го гледаме човекот во очи за да знаеме дали лаже или не.
Едно е сигурно не смеете да се поврзувате со човек кој не сте го виделе никогаш во животот. Нема потреба да ја спомнуваме важноста на физичката привлечност. Разговарате со некого ако ви се допадне тоа што го гледате. Не дозволувајте да живеете во сликовница со разменување на фотографии, ако воопшто се вистинити.
Правете разлика помеѓу краткиот разговор кој треба да послужи да падне средба и залудно губењето време со некој кој немате поим што мисли и прави откако ќе направи sign out.
Освен што не смеете да давате премногу информации за себе на човекот кому му ги немате видено очите, не смеете да верувате, а да не зборуваме да се растажувате од неговите зборови. Од каде дека навистина запознал девојка, можеби сака да се одалечи од вас па затоа лаже.
Вие немате ништо со тој човек затоа немате ни право да се буните и да покажувате љубомора. Сигурно нема да му кажете дека сте повредена кога и вие да излезевте и да не живеевте од нет средбите со него, можеби ќе запознаевте некој и сигурно немаше да ви падне на памет да се правдате.
.gif)






















.gif)























