
Сега треба да размислите што ќе правите понатаму. Е сега се јавува голема дилема, дали да му кажете или не. Сигурно прво што ви паѓа на памет е да ги сокриете трагите за никогаш да не дознае. Но, еве 10 причини зошто да не го правите тоа.
Колку знаете за човекот кој ви помогна во мамењето. Дали тој беше запознаен дека вие сте во врска или не? Што ако не е заинтересиран само за една вечер? Можеби ќе проба да ве освои. Ќе ви праќа пораки, ќе ви се јавува, а тоа нема да можете вечно да го криете.
Чувството на вина може да ве уништи. Колку повеќе чекате да му кажете толку повеќе ќе се чувствувате виновни. Секогаш кога тој ќе ви покаже емоција за тоа колку ве сака или ќе ви приреди романтична вечера, вам ќе ви доаѓаат солзи на очи.
Никој не може да издржи молк. Така да може вашиот партнер нема да знае, но сигурно нема и вашите другарки. Сигурно нема да отидат и да ве кажат, но бидете сигурни дека ќе ве зборат зад грб.
Лесно е да се каже лага, предизвикот е дали можете да живеете со неа. Размислете колку можете да поднесете постојано да измислувате и да ги покривате трагите кои може да ве издадат.
Човечки е да кажете дека сте погрешиле и да барате прошка. Наведете било каква причина, сте биле во заблуда, момент на слабост, повремено лудило... Нема смисла да се вадите на овој начин откако ќе дознае, а ќе дознае.
Признанието ќе ве поштеди од правење грешка плус. Бидејќи ако вашиот партнер открие освен што ќе ве обвини за неверството ќе ве удри и со тоа дека сте го лажеле толку време.
Ако го сакате, единствено што можете да направите во таква ситуација е да го признаете злоделото. Тој е истиот човек на кој му верувате, со кој делите и кој ве сака. Нели мислите дека ја заслужил вашата искреност?
Ако планирате заедничка иднина таа мора да се заснова на вистина. Ништо од почитувањето и довербата со лаги и превари. Затоа ако сакате да ви успее врската морате да ги остраните сите пречки кои може да се појават.
Всушност и не треба да барате некој причина кога и самите знаете дека тоа е вистинската рбота која треба да ја направите. Ако сте зрела и одговорна личност, не треба да бегате од одговорноста и последиците од вашите постапки. Храбрите луѓе се соочуваат, а кукавиците лажат.
Иако на последно место, сепак можеби најважно од се е да слушне од вас. Ќе испадне вистинска будала ако слушне како другите му се смеат за тоа. Доколку мислите дека има некакви шанси да останете заедно, не оставајте друг да му ја соопшти лошата вест.
.gif)






















.gif)























