
Тој мирно си седеше пред ТВ, сé додека вие не настапивте на сцена. Го скубевте, го напнувавте, го тегневте за уво, го штипевте по раце сé додека на крајот не попушти и не почна да се смее и да ви враќа. Ова се моментите што прават да сакаме да сме во врска.
Еве неколку нови и забавни начини пак да го вратите флертот на сцена.
Натерајте го да мисли на секс.
Покажете му дека размислувате за секс и кога сте сама. Можете да му раскажете некоја секси сцена од филм. Убаво доловете ги деталите, но внимавајте на бојата на гласот. Нема ефект ако зборувате за тоа како кога раскажувате дека сте биле на кафе со другарките. Заведете го гледајќи го в очи, и задолжително потсетете го да ве замислува вас двајца како ликови.
Грабнете го.
Оставете прстите и допирот да ја завршат работата. Додека гледате ТВ, одеднаш фатете го за рака и силно стиснете го, без да го тргнете погледот од филмот. Нека поминат неколку минути додека се заборави дека се држите за рака. Сега е време да почнете да си играте со врвовите на неговата коса и врат. Тој, ако евентуално не ве праша, ќе заборави на филмот и ќе чека на вашиот следен потег. Ќе почне да се разнежнува и ќе сака да ви врати на ист начин.
Кажете му благодарам што си машко.
Ова не сфаќајте го во буквална смисла на зборот, треба да го докажете преку дело. Не дозволувајте да ви стане човек од потреба. Ви се расипал компјутерот, ви се нашол, е сега заслужува награда. Наградувајте го без мотив, само поради тоа што е и што убаво ве третира. Во деновите кога не правите ништо особено, легнете до него, милувајте го, гледајте го в очи.
Гушнете го додека спие.
Следниот пат кога ќе ви заспие на креветот или уште поубаво ако начекате ситуација да се разбудите сред ноќ, паметно искористете ја. Гушнете го, почнете да го милувате по грбот и косата. Силно припијте се до него додека да почне да мрда. Вие бидете првото нешто што ќе го види кога ќе ги отвори очи. Понатаму... продолжете сама.
.gif)






















.gif)























