
Немавте можност да се видите со партнерот целиот викенд. Навистина се прашувате колку му недостигате и дали мислеше на вас бидејќи вие од глава не го извадивте.
Но, сигурно дека нема да отрчате и да го прашате, особено ако не сте сигурни што тој чувствува за вас. Наместо тоа, имате навика да му поставувате мали тестови за да видите како ќе одговори. Но дали навистина резултатите се реални или само предизвикуваат кавги?
Прв тест: Сакате да видите колку е љубоморен.
Му се јавувате за да му кажете како сте си поминале со другарките од средно. Случајно ви се испушта дека дошол и бившиот.
Под А: Треба да почне да ве испрашува.
Под Б: Не ѝ дава значење на информацијата.
Вашиот заклучок: Тој се одлучува за опцијата под Б. Тоа ве наведува на заклучокот дека сепак не му значите колку што мислевте. Ни најмалку не се праша дали можеби бившиот ви се додворувал, што значи е рамнодушен.
Но, од каде ви е идејата дека навистина тоа го сторил од рамнодушност. Можеби тој сакал да експлодира од љубомора, додека зборувал со вас го свиткал пенкалото во рака, но не сакал да покаже. Едноставно се плашел дека ќе се изненадите од таквата постапка и дека ќе почнете да мислите дека е љубоморен психопат кој сака да знае сé.
Втор тест: Сакате да проверите дали сте му приоритет.
Знаете дека планирал машка вечер, но вие намерно му се јавувате за да го поканите на состанок.
Под А: Ако прифати, значи дека ве сака.
Под Б: Ако ве одбие, значи дека не сте му толку важна.
Вашиот заклучок: претпоставуваме дека ја одбира опцијата под Б и нормално вие тука почнувате да плетете приказни. Тој само сака да ве искористи, доволно е другарите да кажат некој лош збор и веднаш ќе ве остави, не сака да направи жртва да ги откачи за да биде со вас... и слични погрешни верувања.
А што ако очајно сакал да ве види, ужива да биде со вас бидејќи сте забавна и нормално, времето лета во ваше присуство за разлика од другарите со кои е целиот живот? Но, ете, едноставно паднал договор, а и постојано му трубат дека ги заборавил откако е со вас.
Се разбираме дека поентата ни е дека не можете да судите според една ситуација. Тестовите понекогаш се интересни за да ја проверите неговата реакција, но не можете да донесувате трајни заклучоци за него.
Обично тој што подметнува вакви тестови е оној позаљубениот во врската. Не можете да очекувате дека тој ќе ве сака во иста мера. Можеби вие давате максимум од себе на почетокот, за разлика од него кој бара време за да почне да чувствува. Многу е подобро потрошените нерви и фантазија за проверки да ги насочите кон организирање средби. Верувајте од тоа ќе имате поголема полза.
.gif)






















.gif)























