ne_go_menuvajteНе трудете се да го промените
Една е реалноста со која тешко се соочувате, а друго се нашите желби и проекции во главата.
limo1Постои ли безусловна љубов во 21 век?
Или пак љубовта комплетно ја девалвиравме и ја сведовме на листа на критериуми?
gnspokem002Најчестите недостатоци мажите
Имајте трпение доколку се разболи, бидејќи „на никого, никогаш не му било потешко“.
magare1Алергични на неговата тврдоглавост?
Вие безуспешно со подвиткана опашка после денови докажување се помиривте.

А дали партнерот ве тестира вас?

at_univeristy

И мажите не се ништо подобри кога станува збор за подметнување на оние мали тестови по кои сака да ја дознае вашата реакција. Иако во секоја ситуација човек различно реагира, сепак добро е да биде сигурен.

Најчесто мажите ги пуштаат овие тестови на почеток на врската. Ако го положите тестот, потоа е мирен. Но, сé додека не знае, не очекувајте да се фали дека сте му девојка или, пак, да го промени статусот на Facebook од single во in a relationship.

Еве ги триковите што решија да ни ги откријат:

Трикот на Марко (24 )

Со оглед на тоа што имам фобија од посесивни и љубоморни девојки, редовно им го правам тестот за љубомора. Отворено ќе ѝ кажам дека бившата ми се јавила или ми пишала на месинџер. Ако почне да ме испрашува и да се сомнева како одеднаш и текнало да ми пише или дека и јас сигурно и претходно сум ѝ пишувал... тогаш можам да замислам каква иднина ме чека со неа. Навистина лош потег, особено кога сме на почеток на врската и уште некои работи не се јасни.

Трикот на Иван (24)

Целиот живот ме нервирало кога мајка ми вика по татко ми зашто се вратил дома поднапиен. Како мал мислев дека е во право, но не и сега. Голема работа ако човекот излегол да се релаксира на едно пиво. Нема потреба од кревање врева кога не го прави тоа секој ден. Затоа често практикувам добро да се напијам кога сум со девојка и да видам што ќе прави со мене. Ако вика, ме тутне на другарите и избега за да не се заморува со мене, може да прејдам на друга.

Трикот на Срѓан (28)

Пред да купам нов автомобил, возев „застава 101". Работите се сменија за 360 степени, фалеше уште другарките да почнат да ми се додворуваат. Тоа страшно ме нервира. Затоа на првиот состанок секогаш се појавувам со „101" за да видам како убавицата ќе реагира. Еднаш ми се случи среде возење да откаже, па моравме да ја туркаме на „Партизанска". Колку бев изненаден кога девојчето на потпетици стана, се смееше и ми помогна во туркањето. Тоа навистина ме освои.

Трикот на Бојан (27)

Најважно ми е девојката со која сериозно ќе излегувам да сака да експериментира в  кревет. Тоа не значи дека барам за жена порноѕвезда, но не и некој труп што само чека на готово. На подарок добив лисици и им се заблагодарувам на тие што ми ги купија. Редовно ги користам како оружје за проверка. Досега не ми се случило некоја да не сака да си играме со нив, на почеток се мислат и се срамат што е логично, но добри се и прифаќаат сугестии.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?