
Не треба да ве загрижува фактот што често се прашувате за сексуалниот живот на пријателките. Нема девојка што не се интересира за сочните интимни детали. Сознанието за нив ни помага да разбереме колку сме добри или лоши во врска.
Проблемот се јавува кога се соочувате со молк. Не секој е расположен отворено да зборува за својата врска. Многу ретко да извлечете нешто од девојка во сериозна врска, додека минливите авантури со задоволство и вие ги споделувате.
Но, кога ќе видите и не ви е потребно некој да ви држи лекции. Еве што е дозволено да преземете од однесувањето на своите сакани пријателки:
Таинственоста од мирната пријателка...
Никој не го познава рецептот за нејзините успешни врски бидејќи таа секогаш мудро си молчи. Довербата не се гради со расфрлање информации за неговите страсти. Ако имате потреба некому да се доверите, правете го тоа на вистинскиот човек со избрани зборови.
Слободоумноста од мажот-пријателка...
Таа влетува од врска во врска и никогаш не завршува повредена. Колку и да ја сметате за неморална, длабоко во себе и вие копнеете по нејзината слобода. Преземете ја нејзината храброст и самодоверба. Доста живеете за мислењето на другите.
Истрајноста на фрик-контролот...
Да таа знае во колку часот тој јаде, си легнува, со кого е излезен... но никогаш не го задушувала со прашања или телефонски повици на секои 5 минути. Нејзината трпеливост и способност за слушање, без проповеди, засекогаш ја отворила неговата уста.
Оптимизмот на кул-пријателката...
Весела, секогаш расположена за забава, нема маж што не сака да биде во нејзино друштво. Момчето не ѝ се јави, па не е само тој на светот. Позитивниот став секогаш носи добри резултати на кое било поле. Сетете се, сé што ќе кажете останува запишано во ѕвездите. Затоа не кажувајте негативни работи.
.gif)






















.gif)























