
Како тој проценува дека вие сте вистинската? Што е тоа што ве прави доволно добра за цел живот? Ајде да ја прашаме Lisa Daily.
Која е Lisa Daily?
Обична девојка со визија да се омажи за човекот од соништата кој не ѝ обрнувал трошка внимание. Следејќи ги сопствените верувања за тоа како се постапува со маж, успеала за шест месеци да го однесе до олтар. Инспирирана од сопствената судбина ја напишала книгата „Stop Getting Dumped" и нејзина мисија е да им помогне на сите слободни девојки што го делат сега веќе нејзиниот минат проблем.
Секојдневно водејќи разговори со куп мажи-ергени, таа се обидува да дознае што е тоа што ве прави материјал за венчање. Едно е сигурно, тоа не е невиноста. Еве ги 10 работи што мажите ги изјавиле за тоа што очекуваат од идната сопруга:
1. Да има сопствен живот што и јас би посакал да го живеам.
Девојки, тоа значи да сакате да се средувате, да сакате да се забавувате, да сакате да заработувате и да сакате да излегувате со своите пријателки. Очигледно дека момците станаа модерни и не се палат на жена-домаќинка. Успешна жена со лаптоп и автомобил е нивниот избор. Жена на која не ѝ е потребен маж за да почне да шета по сонцето во неделите, да излегува во ресторан на чаша вино или да одбере секси-фустан.
2. Да ми го остави првиот чекор на мене.
За ова прашање има толку многу дебати и сé уште не е најден консензус. Можеби мажите сакаат да се вратат на голема врата бидејќи им е многу од женската доминантност. Можеби и треба првиот чекор да им го оставиме на мажите, па така било отсекогаш. Ако ништо друго, барем ќе бидете сигурни дека му се допаѓате.
3. Да биде секси, но со резерва.
Нема ништо лошо во тоа да покажете малку кожа, провокативен поглед или да го допрете неговото рамо или колено. Колку и да се напреднати мислењата, мажите не сакаат премногу слободни девојки за кои цела дискотека знае дека се готови вечерта да легнат со него. Сепак, не е лесно да се смени традицијата. Кога ќе падне во ваши раце, тогаш можете да почнете да го чепкате под маса во јавност.
4. Да не легне со мене на првиот состанок.
Тука веќе можеме да намалиме со зборови бидејќи пораката појасна и не може да биде. Задржете го своето достоинство и почекајте бар неколку месеци. Колку и да се напредни и да велат дека сакаат модерни и успешни жени, тоа не значи и премногу модерни в кревет.
5. Преку малите нешта да покажува колку ме сака.
Со исклучоци, но денес мажите нема да ви забележат ако не знаете да готвите. Денес ретко кој се натпреварува кој има дома подобра домаќинка. Паровите повеќе внимаваат да се дружат и да се забавуваат, а за храна никој нема да умре. ОК е ако не сте му зготвиле ручек, но можете да го прашете дали е гладен или кој го изнервирал на работа. Продолжува...
.gif)






















.gif)























