srcТе сакам тебе, но себе повеќе!
Знаете дека денот пред тој да ве напушти нема да биде последниот среќен ден во вашиот живот.
gotvac_so_kapa_na_glavaНајсекси машки професии
Кои машки професии се дел од сечија женска фантазија?
forceНајпосакуваните машки особини
Силен, одговорен, чувствителен и духовит се нештата кои ги барате од мажот партнер.
zbogummala„Збогум“ за последен пат
Зарем заслуживте лажна љубов, додека долги години не се штедевте за него?

Како да препознаете женкар?

42-22556257

Станува збор за тип мажи со посебно развиено „сетило" за жени. Обично ваквите мажи се претставуваат како шармантни, внимателни, заинтересирани за разговор, се интересираат за вашите интереси и чувства, но на крајот сето тоа станува илузија. Знаат да бидат одлични слушатели  и да го насочат  разговорот така што ќе ве наведе целосно да му верувате. Со  одбрани комплименти, знаат да ве убедат дека навистина сте нешто особено, a вие почнувате да блескате од неговите пофалби од типот „имаш преубава насмевка" или „не можам да го тргнам погледот од тебе". Своите „жртви" ги освојуваат со лажна слаткоречивост. Постојат неколку знаци според кои жените може да го препознаат овој тип мажи.

Целта е  само СЕКС

Одлично се запознаени со женската психа и совршено добро ја користат за своја цел. Знаат како  да ѝ овозможат на жената да се чувствува посебно. Зависници се од моќта што ја чувствуваат додека ја ловат жената што во тој момент за нив претставува предизвик. Тој напаѓа кога ќе забележи дека таа се чувствува пријатно и сигурно во неговото друштво. Сигнали кои би можеле да ви помогнат  се честото инсистирање на секс, разните убедувања  и неговите предлози да се гледате на места на кои ќе бидете сами.

Како да го препознаете?

Тоа се мажи што флертуваат со секоја жена. Наклонети се да завршат в кревет со какви било партнерки само поради тоа што било лесно да се освојат. Докажано е дека овие мажи не се среќни, бидејќи серискиот секс не носи сериска самосвест и самодоверба.

Секогаш им се потребни нови потврди дека навистина може да ја добијат секоја жена што ќе ја посакаат, која многу бргу ќе ја заменат со нов „плен". Такви мажи не можат да останат во врска. Основна карактеристика им е манипулацијата и однесување што на прв поглед може да изгледа невино и симпатично.

Кои се неговите „жртви"?

„Жртви" обично се младите жени што немаат преголема самодоверба и искуство. Тие со сјај во очите ги прифаќаат неговите комплименти што тој несебично ги дели.

Како да не наседнете  на неговите комплименти?

Ако тој со кого сте излегле првпат инсистира на секс и секој момент о користи за да ве наговори, не треба да попуштите. Ваквото однесување е својствено за лица што по заминувањето в кревет набрзо „го креваат сидрото". Ако се држите до идејата за долготрајна врска и барате токму таков партнер, едноставно не „давајте се" од прва вечер. Ако е спротивното, постапете како вам ви одговара и прифатете дел од одговорноста за своите постапки.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?