
За малку да ја вжештите атмосферата и да ги загреете сега веќе студентите вечери, ви нудиме неколку идеи за тоа каде да излезете со своето момче, симпатија, сопруг.
Знаете, мажите сакаат кога сте инвентивни и кога не мора по кој знае кој пат да го слушнат одговорот НЕ ЗНАМ на прашањето, ШТО ТИ СЕ ПРАВИ ВЕЧЕР?
Овој пат сакавме да ја прошириме листата со предлози за состанок. Освен забавни, гледавме да бидат евтини за да може секој од вас да ги оствари за својот сакан, но и за себе.
Малку дружба со животните...
Бидејќи деновите сé уште се топли и навистина создадени за прошетки, викнете го да ја посетите зоолошката градина. Купете зеленчук и хранете ги животните. Понесете го и апаратот за да овековечите неколку фотографии.
Ако, сепак, не сте тип што сака животни, а и не можете да го поднесете лошиот мирис во нашата зоолошка, земете го своето или неговото милениче и прошетајте го низ парк. Можете да излезете и со пријателите што имаат кутре.
На тура низ градот...
Со текот на времето, сите ги ограничуваме местата за излегување. Две три локации и не ги менуваме бидејќи таму сме се навикнале. Направете го денот поинаков со тоа што ќе отидете на место што одамна не сте го посетиле.
На пример, во игра влегува калето. Седнати на клупите уживајте во скопската панорама. Симнете се до чаршија, прошетајте низ тесните улички, а подоцна здивнете со чаша вино во „Винотека Темов".
Низ поле од пченки...
Ова е навистина необичен предлог за кој бевме инспирирани од филм. Запалете автомобилот и излезете од бучавата во центар. Застанете покрај некое поле, понесете го со себе ќебето и сендвичите и уживајте во небото.
Играјте криенка низ пченките или високите треви. Просторот е доволно интимен за да можете да си дозволете и секс на отворено, ако не, почекајте да се затемни и сторете го тоа на задното седиште во автомобилот.Летајте змеј на рид...
Ова специјално го смисливме за тие во брак. Наместо тој да го помине денот пред телевизор, вие со крпата в рака, а децата пред компјутер, излезете и уживајте во чистиот воздух кој ќе го разбистри сетилата.
Земете нешто за освежување и каснување и качете се до Водно. Разбудете ја креативноста на децата и заедно направете змеј. Есенското ветре ќе ви помогне да го лансирате високо во облаците.
.gif)






















.gif)























