
Според анкетата спроведена од британскиот Cosmopolitan, и жените непрекинато мислат на секс. Но, за разлика од мажите тие не мислат на самиот чин, туку повеќе на својот сексапил.
3 од четири жени помислуваат на шопинг на секои 60 секунди. Но, сега каква врска има шопингот со сексот? За да се чувствуваат секси и расположени за акција, на жените им е потребна облека, високи потпетици, внимателно одбран градник и гаќички и уште куп работи кои овозможуваат една жена да се чувствува сензуално.
Самиот ловечки инстинкт за нов партнер, за поинаков секс, се јавува по обновувањето на гардеробата во плакарот. Моите пријателки милуваат да кажат: „Си купив нова долна облека и вечер планирам да ја промовирам... "
Сето ова е ОК, но има еден момент во целава работа што не ни се допадна. Имено, анкетата потврдила дека жените повеќе време поминуваат со пријателките на шопинг, отколку со партнерот. Девојки, не смеете да дозволите да се заборавите со часови помеѓу сите алишта обесени на закачалките, чевлите и чантите што ви се смешкаат и ве мамат од излозите.
За да не мора да се откажете и од двете работи кои толку многу ги сакате, ние смисливме решение за вас. Излезете на шопинг, викнете ги пријателките и купете нешто со што ќе го изненадите. А што да биде тоа овој пат?
Поинаква долна облека...
Ако вашиот партнер навикнал на нежна долна облека, со панделки, во розова, бела или сина боја, овој пат бидете екстремни. Купете градник и гаќички со впечатлива боја, можете да најдете и кожени или, пак, со животински дезен. Влезете во улогата на дива девојка без предрасуди.
Секси играчка...
Не знам колку од вас користат секси играчки, но никогаш не е доцна да почнете. Заборавете на класичните лисици или камшик, тоа е застарена метода. Може да купите вибрирачки прстен кој ќе ви донесе заемно задоволство. Побарајте го во Valijant, а го има и во аптеките. Покрај тоа, ќе најдете и изобилство масла за масажа на интимните делови како и парфеми за зголемување на сексуалната моќ. Цената навистина е солена, но инвестицијата е исплатлива.
Шампон што поттикнува на секс...
Појдете во Lush и побарајте го шампонот Sex Bomb. Станува збор за средство за бањање во кое се крие нај најсексапилниот мирис на светот. Ги поттикнува љубовните вештини за кои не сте ни свесни дека ги поседувате. Идеален додаток за отпуштен секс во бања.
Оброк со афродизијачки ефект...
Сигурно многу пати сте слушнале дека некои состојки имаат дејство на афродизијак. Наш предлог е да му направите секси салата. Купете ореви и мед, измешајте ги во еден сад и понесете го со вас во креветот. Ранете се меѓусебно, додека дејството да почне да дејствува.
.gif)






















.gif)























