
Ако се сеќавате зборувавме за тоа дека долгите врски знаат да станат слични на секојдневието што го живееме. Ако секој ден одите на работа, секој втор ден посетувате фитнес, а за викенд го средувате плакарот... така и средбата со него почна да наликува на ОБВРСКА.
Со доаѓањето на ладните денови обврската стана уште потешка за исполнување. Кога ќе се сетите дека треба да се наоблечете, дека сите мускули ќе ви се згрчат од студот и дека нема ни збор да сакате да изустите за да не изгубите дел од топлината, си велите нееее ќе се останам дома на топличко.
Многу грешите, ладното време е создадено за враќање на пламенот на страста. Нема каде да се излегува, ладно е за шетање, останува само опцијата - ВОДЕЊЕ ЉУБОВ ПОД ТОПЛИОТ ЈОРГАН, и плус неколку совети.
Облечете се според времето!
Сигурни сме дека многу добро знаете како да го возбудите партнерот, но верувајте постојат уште неискористени можности за вас. Со оглед на тоа што надвор е студено, морате да се облечете во потопла долна облека. Пробајте да најдете некоја со крзно или пак надополнете ја комбинацијата со дебели чорапи, волнено капче и шал. Одлична глетка што ќе го крене неговото либидо.
Исклучете ја печката!
Доста мислите само на себе си. Време е да покажете малку екстремност. Пред да почне секс-сеансата, исклучете го грејното тело за собата да заличи на фрижидер. Како ќе се згреете ако не преку топлината на вашите голи тела, тоа сте го виделе и на филм. За степен плус, почнете со акција и играјте си со температурата.
Забавете и одложете го оргазмот!
Нема го пуштајте така лесно, двајцата свршивте и сега ај по дома. Не, останете да лежите покрај него. Нормално, сега можете да ја запалите печката. Постелете го ќебето на земја, земете ги перниците и грејте се како покрај оган. Откако сите органи ќе се смират од возбудата, време е за нова епизода. Само овој пат заборавете на секс на екс. Правете го тоа полека и уживајте како да е лето.
Хранете се меѓусебно!
Има нешто секси, нешто посебно во сцената кога двајца љубовници се хранат. Испечете тиква или направете овошна салата. Разменувајте ги зрната грозје со јазикот и милувајте ги неговите брадавици со сокот од парчето портокал.
.gif)






















.gif)























