
Новогодишните и божикните празници ви се пред врата и сите сте опседнати со тоа што ќе им подарите на своите најблиски. Особено е тежок делот кога треба да се одлучите што да му купите на партнерот. Ние ви предлагаме оваа година да бидете малку поинакви и до го изненадите својот сакан со секси подарок.
Купувањето подароци за саканата личност понекогаш е навистина исцрпувачка задача. Почнете да размислувате за нешто секси и провокативно. Но, ако сепак немате некаква идеја што да му подарите на својот партнер по повод претстојните празници, еве неколку предлози што ќе ви го олеснат изборот:
СЕКСИ МЕСТО
Приредете ѝ на саканата личност незаборавно секси доживување. Можете да организирате викенд на некое романтично место, на пример некое планинско место каде што ќе бидете далеку од градот и ќе бидете сосем сами, препуштени еден на друг. Ако не можете ваквиот викенд да си го дозволите, тогаш приредете му секси уживање во сопствениот дом. Романтичната вечера, масажата, долгата предигра или стриптизот се работи што лесно се врежуваат во сеќавањата и сигурно ќе му се допаднат на вашиот партнер. Верувајте дека нема да ја заборави таа Нова година.
СЕКСИ ИГРАЧКИ
Ова е подарок кој може да си го купуваат партнери кои веќе подолго време се заедно, бидејќи во спротивно, можете погрешно да бидете сфатени. Лисиците, вибрирачките прстени, разните лосиони и другите секси помагала можете да ги најдете во секс-шоповите низ градов. Ова ќе биде интересен подарок кој вашиот партнер сигурно долго ќе го памети, а најверојатно и често ќе го употребува, па во него ќе можете да уживате и обајцата. Добро размислете што најмногу би го израдувало вашиот партнер, пред да го направите изборот.
СЕКСИ КНИГА ИЛИ СЕКСИ МАСАЖА
Ако вашиот партнер е љубител на книгите, едноставно одберете некоја книга која отвора нови сексуални хоризонти, а потоа кажете му сето прочитано да го примените во вашиот кревет. Но, внимавајте, книгата не смее да биде вулгарна, туку дозирано секси и провокативна, доволно за да ве загрее во студените зимски ноќи. Но ако сметате дека на вашиот партнер нема да му се допадне оваа идеја со книгата, тогаш сигурно ќе се задоволи со секси масажа. Под елката можете да оставите миризливо масло за масирање со порака во која ќе ги искажете своите фантазии и како планирате да го употребите тоа масло. Бидете конкретни и вжештете ја атмосферата со детаљно објаснување за да биде полн со исчекување.
.gif)






















.gif)























