153 чудни женски перспективи
Нема да се задоволите со просечноста дури и по цена да се соочувате со сите фази на депресијата.
42-22737896Што може да го намали неговиот сексуален нагон?
Врз желбата за секс, повеќе влијае психичката состојба на партнерите, отколку физичката...
sholderШто кога ќе се раздени...?
Постапките утрото по сексот откриваат многу повеќе за неговите намери.
tangoЗа танго, љубов и караница секогаш се потребни...
За сите овие убави моменти се потребни двајцa исто како и за моментите кога љубовта ја губи силата.

4 секси тајни што ве измачуваат

nasty

Имате ли некои многу интимни прашања во врска со сексуалниот живот што не сакате да ги споделите со никого бидејќи се плашите дека ќе ве сфатат погрешно и ќе се засрамите. Но, не грижете се, Notformen.mk е тука за да ги разреши вашите дилеми и внатрешни стравови. Дури и да имате навистина добри пријатели, секогаш постои нешто што сепак ќе го зачувате за себе и нема никому да го спомнете. Преинтимнo е или непријатно ви е да зборувате за тоа. Еве неколку чувствителни проблеми со кои се соочува секоја жена, но не знае како да се постави за нивно решавање:

Не сте сигурни дали „таму долу"сте му по мерка...

Сите вагини не се еднакви, но вистина е дека си личат една на друга. Иако мажите може да ги забележат и најситните разлики, не треба со тоа многу да се заморувате. Ако вашиот партнер забележи дека таму долу имате повеќе простор, бидете сигурна дека не сте вие широки, туку тој е по димензи нешто помал од стандардот. Ве загрижува фактот дека од преголема употреба може да се разлабави сè што е цврсто на вашата вагина? Можете мирно да спиете! Вагината е еластична и не може да се разлабави поради премногу секс. Всушност, единствено нешто од што вагината може да се разлабави е породувањето. Па дури и тогаш растегнувањето е минимално и, помалку или повеќе, брзо се враќа во првобитната состојба.

Додека водите љубов, тој вели „aјде к....", а вам ви е непријатно....

Мажите сакаат да гледаат порнофилмови, а во таквите филмови чести се оние сцени во кои главниот јунак агресивно постапува со партнерката. Можеби вашиот партнер сака само да ви го пренесе возбудувањето што го почувствувал при гледање на филмот. Простотилaкот и грубоста во сексот сами по себе не се ништо лошо и на многумина тоа им е возбудливо. Прашањето е како вие тоа го доживувате. Ако тоа ви пречи, кажете му по сексот дека порнодијалогот ви е одбивен. Следниот пат покажете му како и што да зборува или да прави ако сака да ве возбуди. Мажите сакаат да ја усреќат жената в кревет, па кога ќе дознаат дека прават нешто што не ви се допаѓа, верувајте дека ќе престанат. А ако вашиот партнер сепак не престанува со тоа, иако добро го запознавте со ситуацијата, подобро е да размислите дали овој човек е тој со кого сакате да бидете и понатаму во врска. 

Понекогаш пуштате моч кога свршувате....

При оргазмот предизвикан од г-точката многу жени испуштаат малку течност која изгледа како моч, но тоа е всушност некој вид проѕирна женска ејакулација. Тоа не може да се спречи, а и не смеете за тоа да се вознемирувате бидејќи тоа може да ви го наруши оргазмот. Ако сте 100% сигурни дека тоа е моч, иако тоа не се случува, особено не на младите жени, водете сметка пред сексот да го испразните мочниот меур. А ако тоа му пречи на вашиот партнер, потсетете го дека и тој остава мокри трагови кога свршува.

Очигледно не му одговара вашата техника за орален секс...

Кога го земате в уста, тој не е воодушевен како што очекувавте, а понекогаш ви се чини дека презема сè за да го избегне оралниот секс. Ако ова е точно и ако навистина не ужива во тоа за кое сите мажи сонуваат, најверојатно се работи за следново: или тоа го правите премногу механички и предвидливо, како да сте робот, па нему му е досадно или премногу се грижите за тоа дали вашата техника е добра и дали правите сè како што треба. Во секој случај, ако му се чини дека не му се препуштате на оралниот секс до крај и дека и самите во тоа не уживате, големи се шансите тоа да му биде заморно, а не уживање. Клучот за добриот орален секс се ентузијазмот и секси ставот. Не само што ќе полуди од возбуда кога ќе почувствува како уживате додека го земате в уста, туку и вие ќе доживеете нешто посебно.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?