
На почетокот на секоја врска можни се повеќе караници бидејќи на партнерите им е потребно време за да си ги успогласат карактерите. Но подоцна, во секоја врска кавгите се нормална работа. Меѓутоа факт е дека ако во една врска се е совршено и нема кавги тогаш тоа значи дека нешто „смрди“ во врската и кога-тогаш ќе излезе на виделина. Но понекогаш кавгите не мора да значат крај на врската. Често се случува тие да ги зближат уште повеќе партнерите и да ја зголемат страста во врската.
Зошто малите кавги не се лоши за врската?
Иако се малку тие што уживаат во во кавгите, треба да знаете дека секоја кавга, која се води со аргументи, па дури и со повишен тон, има свои предности. Пред се, на тој начин го „прочистувате воздухот“. И покрај долгата врска, ако и двајчата сеуште имате потреба да исправите некои работи, тоа значи дека сеуште постојат обострани чувства. Психолошките истражувања велат дека манодушноста и не постоењето на интерес за искажување на милењето и емоциите е сигурен пат до раскин на врската.
Извлечете корист!
Генерално, постојат два вида на кавги:здрава, директна-во неа разменувате мислења, донесувате одлуки што треба да се промени и тоа го спроведувате на дело. Другиот вид кавга е не здрава кавга која секогаш ја почнувате за најобични ситници, а ја завршувате со проблемите околу сексот, парите и слично. На ваков начин никогаш не се решава проблемот, а тензијата и вашата меѓусебна нетрпеливост само растат.
Затоа, следниот пат кога ќе ги вкрстите копјата, слушајте го партнерот за што ви говори. Доколку премногу се браните или повлекувате, партнерот ваш ќе добие сила и ќе го повиши тонот за да биде сигурен дека ќе ги слушнете неговите аргументи. Повторете го тоа што ќе ви го каже за да му потврдите дека го слушате неговиот говор. Доколку викате, не правете го тоа со намера да ги повредите неговите чувства. Извинете се за секоја намерна навреда и заедно побарајте практично решение за проблемот. Размислете за тоа и по кавгата, подобро се размислува со ладна глава!


















































