
Начинот на кој мажот води љубов зборува многу за неговиот карактер
Ако сакате да го откриете карактерот на мажот, тогаш тоа можете да го направите преку неговиот начин на однесување за време на сексот. Зад нежноста, возбудата и страста во креветот секогаш се крие нешто повеќе.
Стручњаците велат дека начинот на кој тој води љубов , зборува многу за неговиот карактер, но и за начинот на кој ја доживува својата партнерка. Еве неколку анализи кои ќе ви помогнат да го протолкувате неговиот начин на водење љубов и да го осознаете неговиот карактер.
ЖЕСТОК СЕКС
Ако вашиот партнер, постојано, за време на сексот кажува не вкусни зборови и не ги трга рацете од вашето тело, тогаш се работи за маж кој тешко ги признава своите емоции. Ваквите мажи сметаат дека сексот е единственото нешто во кое се навистина добри. Со ваквите мажи се разговара отворено.
ГРУБ СЕКС
|
Скоро сите мажи ќе се согласат дека секој секс е добар секс. Тоа сепак не значи дека немаат омилена поза или техники в кревет.
|
За мажите кои во кревет се жестоки и помалку груби без ни мала доза на романтика, сексот најчесто е начин да се ослободат од стресот. Ако вам тоа ви пречи, предложете му пред сексот да најде некоја друга физичка активност која ќе го ослободи од негативната енергија. Жените кои се во врска со ваков маж треба и самите да бидат доминантни за да сексот биде рамноправна игра.
РИЗИК И ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ
Оние мажи кои се непредвидливи и иницираат секс дури и во некои ситуации кои не се соодветни за секс, поприлично се слободоумни и сигурни во себе и својата партнерка. Сакаат да испробуваат нови сексуални пози и необични сексуални фантазии. Но, жените понекогаш чувствуваат дека ваквиот маж не ги почитува.
НЕЖЕН СЕКС
Ако мажот сака нежен секс со многу галење, тоа не значи дека тој не е страстен и добар во сексот. Напротив, стручњаците велат дека тоа покажува дека тој се грижи за вас и дека навистина му значите. Сепак можеби е премногу внимателен и не дозволува импулсите да го поведат.


















































