jealous_woman Бившото момче се додворува на други!
Мислевте дека има надеж за вас сé дури не дојде викенд...
girlНе постои совршен, постои само нашата болна...
Вашата предолга листа на критериуми околу изборот на иден животен сопатник ви се јамка околу вратот.
dobrivslosiЛоши Vs. добри девојки
Прочитајте ги позитивните и негативните работи и откријте за што би се одлучиле мажите.
monmalИдеи против монотонијата во врска
Дали монотонијата е одговорна за поразот на сопствената врска и караниците со партнерот?

Секс во тројка – ризик или задоволство?

seks_vo_3

Мажите сакаат секс во тројка, но само со две жени!

Конечно вашето момче ве убеди да имате секс во тројка. Две женски истовремено е сон речиси на секој маж. Две жени, двојно задоволство. Сексот во тројка е фантазија, која многу сакаат да ја доживеат барем еднаш во животот. Особено машките. Всушност станува збор за мини оргија. Но, ако направите мала анализа ќе сфатите дека сексот во тројка не е толку совршен како што звучи. Ако сте во стабилна врска и се согласите во кревет да ви дојде трета личност, исходот може да биде или еротски или разочарувачки.

ТРЕТАТА ЛИЧНОСТ

Сексот и љубовта скоро секогаш одат заедно. Пред да се одлучите да ја исполните неговата најголема фантазија, бидете сигурни дека тој цврсто верува во вашата врска и дека новата девојка е само за забава и ништо повеќе, бидејќи во спротивно вашиот партнер може да се заљуби и да го изгубите засекогаш.

Исто така, ако девојката која ќе учествува во вашите сексуалните игри е неверојатно привлечна и секси, постои сериозна опасност токму вие да се заљубите во неа. Доколку едната од вас, или најдобро двете, сакате само пријателство, в ред, но во спротивно, може да се случи да зачекорите во погрешна насока. Сексот во тројка се темели на задоволство, а не на љубовен однос, затоа пазете на крајот да не останете разочарани.

ВНИМАТЕЛНО СО ИЗБОРОТ

Не е лесна работа да се одлучите на секс со некој кој не го познавате. Затоа внимателно со изборот и држете ги очите широко отворени. Пред да ја примите новата девојка во креветот, запознајте ја подобро. Лесно може да се случи третата личност да ви ја уништи врската, со тоа што може да се „затреска" во вашиот партнер.

ШТО КАЖАА ДЕВОЈКИТЕ НА ФОРУМОТ НА NOT FOR MEN?
Предрасуди?

„Се прашувам колку девојките кај нас се слободни да пробаат секс во тројка? Јас лично не би пробала. Не дека некогаш не ми прелетала таква мисла, но од фантазии до реалност има цел еден океан"
Ivan4e
Страв од делба!

„Некои се прават силни, ама тешко. Не за друго, можеби со други непознати, ама ако треба момчето да го делиш со некоја, ќе размислиш малку. А ако сакаш тој да викне уште некој, нема шанси"
queen
Не е неопходно!
„Сексот за мене е нешто интимно, не е само задоволување на сексуалната желба, туку споделување на чувства, љубов. Сум размислувала на оваа тема, но знам дека никогаш нема да го направам тоа. Има многу други варијанти да се зачини сексуалниот живот доколку затаил."
Bitch

СВЕТЛАТА СТРАНА

Сексот во тројка за вас може да биде незаборавно искуство кое ќе го паметите цел живот. Доколку внимавате на заштитата, хигиената и односот со партнерот, тројката може да биде најсекси момент кој само ќе ја направи вашата врска поцврста. Но пред да се впуштите во вакво нешто, размислете два пати дали сте подготвени за да го сторите тоа?!



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)