
Одбегнувајте со вашиот партнер да коментирате за тоа како изгледаат другите жени
Работата е во тоа што ние жените сме големи дрдорки, но морате да бидете свесни дека постојат реченици, изјави, коментари кои вашиот партнер никогаш не смее да ги слушне. Убаво е да имате искрена врска без тајни, но, понекогаш, сепак треба да го залепите јазикот за заби. Ако никогаш до сега не сте размислувале за тоа што не смеете да му го кажете на вашиот партнер, еве за што се работи:
„И МОЈОТ БИВШИ ГО ПРАВЕШЕ ТОА"...
Без разлика дали сакате да го споредите сегашниот партнер со бившиот поради некоја позитивна или негативна особина- задржете го тој коментар за себе. Сигурно не сакате вашиот сегашен партнер да почне да размислува за вашиот бивши, или уште полошо, да помисли дека се уште не сте ја преболеле вашата бившата љубов.
„КОГА ЌЕ СЕ ВЕНЧАМЕ И КОГА ЌЕ ИМАМЕ ДЕЦА"...
Не е лошо да се фантазира за иднината и заедничките планови, романтична венчавка и за имињата на вашите деца, но подобро е таквите ваши соништа да ги споделувате само со пријателките. Мажите често се плашат од таквите сериозни планови. Се во свое време.
„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА ОНАА ЖЕНА Е УБАВА?"
Одбегнувајте со вашиот партнер да коментирате за тоа како изгледаат другите жени. Ако го прашате за некоја жена и нејзиниот изглед, ке го доведете до незгодна ситуација. Ако ви каже дека е убава, ќе очекува од вас љубоморен испад. Ако каже дека не е убава, ќе му префрлате дека ве лаже. Во секој случај не разговарајте за вакви и слични теми.
„НЕ СУМ ДОВОЛНО ДОБРА ЗА ТЕБЕ"
Ако мислењето на вашиот партнер беше такво, тогаш тој никогаш не би бил со вас во врска. Мажите сакаат самоуверени жени и ако мора да ве слуша секој ден како му зборувате за себе дека имате повеќе килограми отколку што треба, расцветена коса, целулит...само ќе го оддалечите од себе.


















































