
Вашиот парфем мириса неодоливо, но цветниот мирис на вашата свежо измиена коса едноставно го соборува на земја
Немојте да мислите дека мажите не сакаат да прават слатки или романтични работи додека се во врска, секако дека сакаат, но работата е во тоа што тие повеќе ги ценат оние поважните работи. Прочитајте кои постапки на мажите ние жените ги потценуваме, а кои ги преценуваме...
ПРЕЦЕНУВАМЕ:ЉУБОВНИ ПИСМА
ПОТЦЕНУВАМЕ: СМС ПОРАКИ
Нема жена која не посакала некогаш во животот да добие вистинско љубовно писмо, но во добата на современата технологија, ретки се тие кои навистина го добиле. Затоа и ја преценуваме вредноста на писмата. Но знајте, ако тој седнал да ви напише писмо, го направил тоа само од една причина - да ве импресионира. Но кога ви испраќа кратки пораки на мобилниот телефон (доволно е и едно смајли) значи дека мисли на вас и не може да си помогне во врска со тоа.
МАШКИ СОН?
Мажите сакаат да имаат партнерка што ќе ги сака, што ќе ги разбира, што ќе биде нежна со нив и ќе им угодува......и да, сакаат да им кажувате дека ги сакате, но никој да не знае дека веруваат и имаат потреба од љубов. Сексот не им е најважен, но сакаат да се фалат со него.
ПРЕЦЕНУВАМЕ: ПИКНИК НА ТРЕВА
ПОТЦЕНУВАМЕ: СКАРА ВО ДВОРОТ
Мажите обожаваат да јадат на отворено, но помеѓу кошницата со панделка полна со храна и скара во дворот, нивниот избор секогаш би бил - скара во дворот. Логично зар не?
ПРЕЦЕНУВАМЕ: МИРИСОТ НА НАШИОТ ПАРФЕМ
ПОТЦЕНУВАМЕ: МИРИСОТ НА НАШАТА КОСА
Можеби ви се чини важен фактот дека вашиот парфем мириса неодоливо, но цветниот мирис на вашата свежо измиена коса едноставно го соборува на земја. Можете ли да му забележите за тоа?
ПРЕЦЕНУВАМЕ: ЗАЕДНИЧКО ГЛЕДАЊЕ НАТПРЕВАР
ПОТЦЕНУВАМЕ: ДА ГИ ОСТАВИМЕ САМИ ДА ГЛЕДААТ НАТПРЕВАР
Ако сакате да пиете пиво и да навивате за време на натпреварот - само напред. Но, ако тоа о правите само за да го направите среќен партнерот, тогаш престанете со глумата. Пуштете го да го гледа натпреварот со кого сака, а вие тоа време посветете си се себе си.
ПРЕЦЕНУВАМЕ: РОЗА ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ
ПОТЦЕНУВАМЕ: ЦВЕЌЕ НА БИЛО КОЈ ДРУГ ДЕН
Розите за Денот на вљубените се врвот на некреативноста и отсуство на фантазијата, но ако тој ве изненади со цвеќе било кој друг обичен ден од годината, тоа е знак дека не ми треба потсетник да види дека е Ден на вљубените па да ви докажува дека се уште чувствува пеперутки како и како првиот ден.


















































