
Раскинувањето нека биде вашата одмазда за неговото неподносливо однесување
Дали некогаш сте сакале да ја раскинете врската на дрзок начин и да раскрстите веќе еднаш со момчето кое ве вади од кожа? Сигурно дека сте сакале, но можеби не сте имале храброст. Ако сте решени да го оставите момчето, а сигурно не ви е лесно да го пронајдете вистинскиот начин, ние ви предлагаме 6 начини на дрско раскинување кои ќе направат тој да се чувствува како невиден кретен.
-
ДОДЕКА ВЕЧЕРАТЕ
Излезете заедно на вечера и додека вечерате кажете му дека не можете веќе да продолжите со врската и уште натерајте го да ја плати сметката.
Колку е тоа бедно: кога би доделувале Оскар за најголем кучка, вие сигурно ќе добиете еден.
- ПРЕКИНЕТЕ ГИ КОНТАКТИТЕ
Престанете да му се јавувате на телефон,игнорирајте секакво стапување во контакт со него, а на пријателите кажете им дека сте ја раскинале врската....нека дознае од нив.
Колку е тоа бедно: Се надеваме дека, после раскинувањето, ќе биде резервиран во изборот на следните девојки.
- НЕМА НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ
Кажете му дека најубаво е да почнете да се гледате со други луѓе, бидејќи врската повеќе не ве исполнува и дека не чувствувате никаква поврзаност меѓу вас двајца
Колку е тоа бедно: Сите добро знаеме дека оваа реченица ја користат оние кое веќе си нашле нова љубов. Само не сакаат да се дознае какви измамници се.
Променете го својот статус на Facebook од „In Relationship" во „Single."
Колку е тоа бедно: Овој начин не само што е беден туку е и смешен.
- НЕ СЕРИОЗНА ВРСКА
„Види вака, оваа врска јас никогаш не ја сфатив сериозно"
Колку е тоа бедно: Раскинувате со него, но сакате да оставите простор доколку има опции за повремен секс. Тоа е навистина бедно.
- НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН
„Не ти донесов поклон за роденден, бидејќи сметам дека тоа нема да биде фер, само сакав да ти кажам дека...сакам да раскинеме.„
Колку е тоа бедно: можевте наместо на неговиот роденден, да му раскинете на Божиќ, Нова Година...но вие дадовте се од себе и испаднавте најголема КУЧКА.


















































