
Потрудете се Денот на вљубените да ви биде посебен, магичен, необичен и пред се, незаборавен!
Што и да ви дојде на памет за Денот на вљубените, како и да се однесувате или што и да направите, сето тоа може да се оправда со фактот дека е во прашање посебна вечер. Во никој случај не можете да погрешите, ниту пак да се посрамите бидејќи било какво претерување на овој ден би изгледало симпатично и прифатливо.
ПРЕСТАСАЈТЕ ГО ПАРТНЕРОТ!
Денот на вљубените е повод за разни љубовни постапки, неочекувани изјави и потполно отпуштање. Зошто токму за таа преубава ноќ не го изненадите вашиот дечко или сопруг? Наместо да чекате негов потег, вие бидете таа која има поголема фантазија. Не морате да правите кој знае што и да потрошите едно брдо пари, но затоа можете да импровизирате...на пример, облечете црвена долна облека. Црвениот корсет или сатенскиот комбинезон со јака црвена боја ќе ја распламтат возбудата за Денот на вљубените. Ако не сте фан на црвената боја, употребете барем некој детаљ...подвезица, чорапи, кармин, марама...
ЗОШТО ТОКМУ ЦРВЕНО?
Црвената боја е бојата на љубовта, виното и позитивната енергија, што ќе ви биде потребна во текот на цела вечер, без разлика дали ќе бидете сами со партнерот во вашиот дом или во некој клуб. Црвената атмосфера е вистински погодок за да поминете преубава ноќ со вашиот партнер, исполнета со многу љубов и возбудлив секс.
НАЈВАЖНО Е ДА ЗРАЧИТЕ ОД ЉУБОВ!
Ако сте во врска, не грижете се многу каде и што ќе правите, важно е да сте заедно. Но од друга страна, не смеете да и се препуштите на случајноста. За домашна атмосфера - шампањот,чоколадната торта, добрата музика...се неизбежни. Можете да подготвите вечера од школки или тестенини. Школките претставуваат прав рудник на страст поради дејството на афродизијак. Некои пишани извори потврдуваа дека Казанова консумирал и по 45 парчиња дневно. Шпагетите, равиолите, макароните...тоа се тестенини што ќе ви го одземаат здивот, посебно ако се со некој прелив. Стручњаците тврдат дека во нив преовладува допамин, а тој доведува до силна сексуална желба. Бело или црвено вино, сеедно, употребете го за вечерата. Познато е дека доколку се консумира во умерени количини иницира состојба на лесна еуфорија и ја буди заспаната страст.
НОВАТА ВИЕ!?
Иако целата вечер ќе ја поминете со вашиот партнер во домот, тоа не значи дека треба да ја поминете во тренерки или пижами. Барем таа вечер пробајте нешто друго и бидете посебни. Искористете ја приликата за да ставите маска на лицето и да ја покажете својата друга страна...направете интимен маскембал и поставете нови правила во сексот за таа ноќ. Пластични лисици, каубојски шешир, стопено чоколадо по вашето запалено тело...смислете сценарио и не плашете се да го реализирате. Изненадувањето на лицето на вашиот партнер, долгооо ќе го паметите. Никако немојте да мислите дека вечерта за Денот на вљубените е иста како и секоја друга вечер. Потрудете се да ви биде посебна, магична, необична и полна со љубов.

















































