
Пребарајте ја неговата љубовна датотека и проверете дали воопшто е подготвен за сериозна врска
Непосредно пред да стапите во врска, тој раскина со девојката со која беше во врска долго време. Иако сте на самиот почеток на врската, сепак чувствувате дека вие сте неговиот „план Б" и дека се уште пати по бившата девојка. Чувствувате дека сте покрај него само за да ги излечите неговите рани и да му помогнете да го помине тој период на огромна болка во срцето. Еве неколку знаци кои ќе ве доведат до заклучокот дека вие всушност сте неговиот психијатар кој му помага да излезе од емотивната криза:
ПРЕБРЗО ЗАКЛУЧИ ДЕКА ВАШАТА ВРСКА Е СЕРИОЗНА
Ако вашата врска ја стави на брзо премотување, можеби се навикнал на некоја идеја за врската, а не ја земал во предвид вистинската состојба. Пребарајте ја неговата љубовна датотека и проверете дали воопшто е подготвен за сериозна врска. Ако неодамна ја прекинал врската со својата, сега веќе бивша девојка, раните му се свежи се уште, забавете го темпото. За да вложувате во таа врска, мора да бидете сигурни дела во неа има потенцијал за нешто сериозно.
ЦЕЛОСНО СТЕ СПРОТИВНИ ОД НЕГОВАТА БИВША ДЕВОЈКА
Или можеби само така ви зборува. Меѓутоа, се додека тој е сконцентриран на тоа колку сте вие различни од неговата бивша девојка, можете да бидете сигурни дека тој не ве забележува и не ве гледа. Во новата врска морате да бидете онакви какви што сте, а никако под притисок за да ја поправите штетата која ја направила некоја друга пред вас. Плус, ако толку многу не може да ја избегне таа тема на разговор, тогаш повеќе од сигурно е дека дефинитивно се уште не ја преболел.
ПОТРЕБНИ СТЕ МУ...МНОГУ И СЕКОГАШ
Мажите кои закрепнуваат од стари врски ве доживуваат вас како голема перница кој ги штити од болка во срцето. Тоа што сте вие покрај него, му го храни егото и му го намалува чувството на загуба. Голем е ризикот, кога ќе закрепне, да ве остави. Затоа вие заштитете го вашето срце така што ќе му дадете определено време, а себе си немојте да си дозволите станете зависна од него.


















































