
Да, тој е познат стоматолог, но што ви значи тоа вам ако сте осудени да го гледате само преку викенд?
Штом излеговте по 5-ти пат, тогаш време е за донесување на пресудата. Ако од првиот зависеше дали ќе има втор, од петтиот состанок зависи дали ќе ја терате работата сериозно, или ќе туркате до некаде и ќе го откачите.
Проблемот е тоа што ретко која девојка знае што сака во оваа фаза. Најчесто сме на два ума и секоја одлука во моментот изгледа подеднакво добра и лоша. Затоа, дотерајте се, излезете со него по 5-ти пат и дознајте ја сами иднината. А, како ќе го направите тоа? Се се сведува на тоа како ќе ги поставувате прашањата и дали ќе го слушнете она вистинското во неговите одговори. Еве што треба да ве интересира?
НЕГОВИОТ СТАВ ЗА РАБОТАТА?
Не е важно само да ви се допадне тоа што го работи. Да, тој е познат стоматолог, но што ви значи тоа вам ако сте осудени да го гледате само преку викенд? До 3 часот работи во Државна болница, а потоа продолжува приватно, и каде сте вие во целата таа приказна? Или пак можеби имате потполно различни ставови околу кариерата, додека вие се утепувате од работа, сакате да купите кола, стан...тој се задоволува со 12 илјади, а специјализација не му паѓа ни на памет. Ако планирате сериозно да излегувате со него, ова е вистинско време да расчистите со себе, колку работната позиција и сето она што таа го влече со себе, ви значи кај вашиот сопатник?
КАКВА БИЛА НЕГОВАТА ПРЕТХОДНА ВРСКА?
Иако нема да се согласите и ќе си речете дека е премногу рано за да се зборува за бившите, но факт е дека информациите поврзани за претходната врска многу ќе ви помогнат да откриете каков човек е. Работите нема да бидат секогаш мазни како на почеток, неговото вистинско лице ќе го откриете откако веќе ќе заглавите со него. Е сега за да не испаднете напорна и помалку чудна, почнете со општи прашања од типот: „Што очекуваш од девојката?" Доколку е доволно зрел, ќе знае да издвои неколку женски квалитети - „Излегував со една девојка, навистина ме фасцинираше нејзината скромност, но и желбата да искуси се!" Ако е, како што ние милуваме да речеме „сељак", тогаш ќе почне веднаш со критики и навреди за бившата, а всушност тој е идиотот што излегувал со неа.
ДАЛИ ЗНАЕ ДА РАКОВОДИ СО ПАРИ?
Никој не сака тип заглавен во долгови до гуша, ниту пак некој што се жали дека нема, а го мрзи да стане од кревет и да заработи. Снаодливоста, способноста да заработи и уште поважно способноста од пари да направи пари, се особини што најмногу треба да ги барате кај мажите. Не се залетувајте по неговата јака кола, прво можеби е од неговите што сигурно нема да го издржуваат цел живот, или ја земал на кредит што не може никако да го исплати. Бидејќи немате пристап до неговата тековна сметка, почнете разговор за тоа како кредитите во денешно време многу тешко се исплаќаат. Започнете класично економски разговор, а работите постепено ќе излезат на виделина.
Слични текстови
- 24/02/2010 - Негова девојка или психијатар?
- 11/02/2010 - Љубов и секс за Денот на вљубените
- 09/02/2010 - Раскинете како тотална КУЧКА!
- 04/02/2010 - Како жените ги разбираат мажите?
- 03/02/2010 - Не трудете се да го промените
- 27/01/2010 - 4 работи што тој не смее да ги слушне
- 25/01/2010 - Секс во тројка – ризик или задоволство?
- 20/01/2010 - Уловете го неговиот поглед!
- 18/01/2010 - Каков секс – таков карактер!
- 04/01/2010 - И кавгите зближуваат!

























