
Колку и да немате чувства за бившиот, тешко ќе ви падне информацијата дека тој се плетка со вашата пријателка!
Во врска со прашањето дали е ОК да го ловите бившото момче на вашата пријателка...можеме да кажеме дека постојат четири табора:
- Пријателки што немаат ништо против да си ги менуваат партнерите.
- Пријателки што не дозволуваат ист маж да биде со повеќе од една девојка од друштвото.
- Пријателки со спротивен став, едната е за, а другата е против плеткање со тој човек.
- Себична пријателка, што сака да флертува со бившото момче на пријателката, но се лути ако некоја од нив го лови нејзиното.
Како и да е, ако спаѓате во различни табори и вашата пријателка сака да почне врска со вашиот екс или вие почнавте да го посакувате нејзиниот (во истата секунда штом слушнавте дека е слободен)...е тогаш имаме чудна ситуација. Се наметнува прашањето - Како да се однесувате во нивно присуство?
На почеток ќе си речете, ќе ги избегнувам...но соочете се, тоа е невозможно! Сигурно не сакате поради нивната романса да се оддалечите со остатокот од друштвото или да ја пропуштите забавата само поради фактот што и тие ќе бидат таму. Зарем ќе заборавите на сите момци што чекаат на вас?
Доколку се најдете во ваква ситуација (вашето момче да почне да излегува со вашата пријателка), наместо да и се јавите на телефон и да ја отерате каде што не треба, поднесете го тоа со стил. Еве како:
СКЛОПЕТЕ ПАКТ - замолете неколку блиски пријателки да ви помогнат. Наместо вие да се распрашувате и да оговарате наоколу за тоа како ве повредиле, информациите дознавајте ги од прва рака. Така ќе бидете информирана за тоа колку е сериозна нивната врска и ќе бидете подготвена да одговорите на провокациите од околината. Пријателките ќе ви се најдат во многу ситуации, посебно кога ќе треба да се соочите со новиот пар. Во ваква ситуација, повеќето ќе застаната на ваша страна бидејќи вие сте онаа повредената.
НЕ ГЛУМЕТЕ ДЕКА СТЕ СРЕЌНА ЗА НИВ - ако навистина ви е сеедно, честитајте им, но ако не ви е драго тогаш не глумете бидејќи веднаш ќе ве пробијат. Од друга страна, ќе испаднете многу поголема личност ако им кажете здраво, отколку да ги избегнувате или да ги гледате со убиствени погледи. Најдобро е да бидете рамнодушна, зборовите нека бидат ладни, но сепак зборови.
ДРЖЕТЕ ДИСТАНЦА - колку и да немате чувства за него, вашата природа нема да дозволи да не почувствувате мало чувство на зајадливост и љубомора... токму во тие моменти се случуваат најголемите грешки. За да не кажете нешто поради кое ќе се каете наредниот ден, не одете директно во огнот. Во диско лесно ќе им избегате, но ако сте во ресторан седнете на крајот од масата, што подалеку од нив.
.gif)






















.gif)























