
25% од мажите се заљубуваат после 4 состанок, а истото важи само за 15% од жените.
Ако сте во врска, сигурно ви поминало прашањето низ глава кој кого повеќе сака, вие него или тој вас? Жените често пати се обидуваат да ја измерат љубовта во врска и речиси се сигурни дека тие сакаат повеќе. Но, што велат истражувањата во врска со женската и машката љубов?
Всушност дали воопшто може да се направи некаква разлика? Факт е дека секој човек сака на свој начин...во секоја врска различно се поставени емоциите. Ако некој сака да се фали со својата љубов и е во состојба да небото да напише дека е заљубен, има и такви што емоциите ги чуваат само за себе.
Во еден експеримент, психотерапевтот го натерал пациентот да појде дома и да и каже на жена си колку многу ја сака. Мажот пошол дома и ја испрал колата на жена си? Дали ова значи дека тој не ја сака доволно - или само дека поинаку ја изразува љубовта? Истражувања за разликите и сличностите помеѓу емоциите на мажите и жените има многу, еве дел од нив:
КОЈ КОГО ПОВЕЌЕ САКА? (мажот - жената или жената - мажот)
ПОДЕДНАКВО!
Истражувањата покажале дека половите се изедначени по ова прашање. Единствената разлика е во тоа што жените експлицитно ги изразуваат емоциите и покажуваат поголемо почитување кон партнерот, но не и повеќе љубов.
КОЈ ПОЧЕСТО И ПОСИЛНО СЕ ЗАЉУБУВА? (мажот или жената)
ЖЕНИТЕ!
И жените и мажите лесно се заљубуваат на прв поглед (54% од жените и 63% од мажите веруваат во љубов на прв поглед). Но, жените почесто се заљубуваат од мажите, уживаат да зборуваат за своите емоции, побрзо созреваат за брак и почесто ги идеализираат своите партнери. И во случаите кога љубовта не им е возвратена, жените веруваат дека во нејзино име вреди секој сторен потег.
КОЈ Е ПОРОМАНТИЧЕН? (кој побрзо лета во облаци?)
МАЖИТЕ!
Резултатите од истражувањата, изненадувачки, но покажале дека мажите се поромантични. Денес скоро 80% од мажите и жените веруваат дека љубовта е основниот предуслов за брак. Ваквите ставови се доволен доказ дека жените не бараат само финансиска сигурност, како што мажите често мислат.
На почетокот на врската мажите први се заљубуваат - 25% од мажите се заљубуваат после 4 состанок, а истото важи само за 15% од жените. 50% од жените се изјасниле дека се потребни минимум 20 состаноци за да можат да кажат дека се заљубени.
Некои показатели укажуваат на тоа дека мажите повеќе патат после раскинувањето, но ние сме на ставот дека тоа зависи од карактерните особини и чувствителноста на индивидуата. Но, факт е дека после раскинувањето мажите се посклони на самоубиство од жените. Исто така се покажало дека мажите полесно веруваат во вистинска љубов, сродна душа и слично.
Економската стварност ги прави жените по реални и повнимателни за тоа во кого да се заљубат или омажат.
КОЈ ПОВЕЌЕ ДАВА ВО ВРСКАТА?
МАЖИТЕ!
Сите жени на ова прашање ќе одговорат едногласно: НИЕ. Но, истражувањата поинаку велат. Ако од жената се очекува да се грижи за чувствата на партнерот, односот и децата...мажите се грижат за сигурноста на партнерката и финансиската благосостојба. Сепак, денес разликата помеѓу улогата на половите полека исчезнува.
КОМУ МУ Е ПОТРЕБНО ПОВЕЌЕ ИНТИМА?
НА ЖЕНИТЕ!
Жените се секогаш понесреќни кога станува збор за споделување на интимата. Ако за мажите е доволен само сексуалниот чин, жените имаат потреба од подлабоко поврзување како разменување интимни мисли и прегратки после сексот.
КОЈ Е ПОСРЕЌЕН?
ЖЕНИТЕ ВО ВРСКА СЕ ПОСРЕЌНИ...МАЖИТЕ СЕ ПОСРЕЌНИ ВО БРАК!
Психологот Rubenstein (еден од најпознатите истражувачи на љубовта), анкетирал мажи и жени од 13 до 60 години. Резултатите покажале дека жените од 27 до 29 години се посреќни во љубовта за разлика од мажите. Во овој период од животот, мажите негативно гледаат на љубовта бидејќи поради неа ја губат слободата и стапуваат во брак. Жените стануваат депресивни после неколку години во брак бидејќи тогаш стануваат свесни во што западнале. За разлика од нив, мажите почнуваат да уживаат во предностите што ги нуди брачната заедница.
.gif)






















.gif)























