
Јавна тајна е дека заљубениот маж обожава да се задева.
На нашата адреса се почесто стасуваат писма од девојки кои се жалат од контрадикторното однесување на мажите. Ако до пред некој ден се јавувал на секои 5 минути, молел за состанок и слично, сега кога ја доби шансата тој се повлекува. Дали тоа значи дека изгубил интерес или има нешто подлабоко во целата ситуација?
Не кревајте паника без потреба, секој може да се премисли, но не и оној чиј сјај во очите беше повеќе од очигледен. Работата е тоа што ниту еден маж нема да ви се отвори во раната фаза, што очекувате...да дојде и да ви признае дека направивте да се затреска до уши? За да не му ја мислите или уште полошо да барате одговори лично од него, обидете се да го прочитате преку однесувањето.
- ОДЕДНАШ СТАНА ТАИНСТВЕН
До вчера пред себе имавте отворена книга, за денес комуникацијата да се сведе на шифри. Чудно е, но кога мажот сака побрзо да ве донесе до кревет, тој радо ќе открива информации за себе со цел да го забрза процесот на создавање блискот. Но, ако навистина му се допаѓате и размислува да формира длабока емоционална конекција со вас, тогаш тој ќе оди чекор по чекор. Во ваква ситуација мажите се плашат да зборуваат, особено за теми поврзани со секс, бидејќи се плашат да не направат погрешен потег и вие да си помислите дека само сака да заврши работа во кревет и да си замине.
- ВЕ ЗАДЕВА
Вратете се во средношколските денови. Како знаевте кога некому се допаѓате? Ех, тогаш работите беа многу поедноставни од сега, нели? Штипкање по образ, скокоткање, нежно скубење по коса...вистинска чиста емоција. Верувале или не, но истото важи и денес. Јавна тајна е дека заљубениот маж обожава да се задева. Тоа е негов начин да го контролира нагонот и да не ве нападне со бакнежи. Од друга страна ова е одличен тест за да провери колку сте опуштена, мажите не сакаат здрвени жени!
- ПОВЕЌЕ НЕ ВЕ ПОГЛЕДНУВА
Понекогаш говорот на телото може да ве збуни. По сите правила на природата е невозможно тој да ве сака, а да не ве погледне со сочниот поглед цееел ден. Дали помисливте дека тоа е неговата заштитна маска? Погледот заменува илјадници зборови, кога типот е запален тој ќе го избегнува контактот со очите само за да не биде фатен на дело. Но, затоа држењето на телото ќе биде наклонето кон вас, за момент ќе помислите дека тој е вашата сенка.
.gif)






















.gif)























