
Тој протестира и кога одите да полните вода, многу силно сте тропале со папучите по ламинатот.
Убаво е чувството кога знаете дека некој се грижи за вас, но тоа не значи дека тој има право да порачува јадење во ваше име, да се тепа со секое момче што ќе ве погледне на улица или да ви забранува да облекувате кратко здолниште.
Опсесија, љубомора, несигурност...ништо не е доволно силно за да го оправда ваквото однесување. Здравата врска подразбира меѓусебно разбирање и почит, тука нема место за подредени и надредени.
КРИТИКУВА СЕ ШТО ПРАВИТЕ!
Ниту една ваша постапка или збор не поминува без коментар. Тој протестира и кога одите да полните вода, многу силно сте тропале со папучите по ламинатот. Не правдајте го дека се обидува да ви помогне или да ве поштеди од брука. Тој е комплексен човек што живее да критикува, да се буни и да направи да се чувствувате мизерно.
ИСПОВЕД: како да прифатам втор состанок, кога тој за време на првата вечера ми држеше лекција како се држи виљушка и нож. Направи да се чувствувам како најголема простачка.
ТОЈ ЗНАЕ ШТО Е НАЈДОБРО ЗА ВАШЕТО ТЕЛО!
Контролира кога и што јадете, се буни на вашата желба да ставите тетоважа, мисли дека треба да посетите теретана...во ред е да го каже своето мислење, но тој не е бог за да ве креира. Зар утре ќе треба да легнете под нож само затоа што сака поголеми гради?
ИСПОВЕД: еднаш излегував со момче што постојано ме тераше да јадеме хамбургери...газот ми бил смачкан, сум морала да го поправам. На крај како идиот завршив со бактерија во желудник.
СИ ЗЕМА ЗА ПРАВО ДА ГИ ОЗБОРУВА ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ.
Човекот што сака да контролира ќе се обиде да го контролира и вашето опкружување. Првиот знак дека се обидува да ве обработи и да ве зароби само во својот свет, е лошиот муабет на сметка на луѓето со кои до вчера бевте неразделни.
ИСПОВЕД: тоа што бевме интимни не му даваше за право да зборува дека моите пријателки се расипани...излегува дека и јас сум, нели?
НЕ ВЕ ПОДДРЖУВА ВО НИШТО
Тој во никој случај нема да дозволи судбината да покаже дека сепак вие сте подобра и помудра од него. Вашиот успех значи разнишување на контролата што тој ја има врз вас, ако ве поддржи исто како да ви ја отворил вратата од кафезот и ве пуштил на слобода.
ИСПОВЕД: не ми се веруваше дека се противеше на мојата идеја да се запишам на факултет. Годините не се на моја страна, но за школување никогаш не е касно. Секој се расправаме, а тој се буни дека книгата ми станала поважна од него.
НЕ ВИ ВЕРУВА
Ако цело време ви е зад пети и не ве остава да спржите едно јајце, бидејќи не можете да го погодите како него, тогаш тој нема никаква доверба во вас. Вие никогаш нема да бидете неговата сродна душа, туку дете што треба да учи.
ИСПОВЕД: го поканив кај мене дома за да готвам за двајцата, тој ми ја грабна престилката, влезе во Џејми Оливер филм и не излезе од кујна цела вечер. Јас направив салата...кога ја проба се мрдна, цела ја истури во канта.
.gif)






















.gif)























