lezat_i_se_guskaatМажите одговорија...
Што да правите со нивните уши, брадавици и неговиот „пријател"?
sram2mВљубен, а сепак имун на вас
Друга девојка во неговиот живот не постои, но зошто вратите на неговото срце и натаму се затворени за вас.
stareШто ги привлекува мажите на прв поглед?
Мажите секогаш гледаат по други жени, без разлика колку е совршена таа што е покрај нив.
ja_drzi_za_zadnikПокажете му ги ерогените зони
Откријте му ги вашите најтаинствени ерогени зони!

Избегнете ги жестоките расправии!

lelelelelelel_jas

Не можете да го промените секој човек на светот.

Ако проблемот што го имате со вашиот партнер не е закана по вашето здравје, безбедност, финансиска сигурност или не и контрира на вашата визија за тоа како треба да изгледа бракот, можеби е само знак дека сте различни луѓе, различни карактери.

Можеби вие сте социјална личност; сакате забави до раните утрински часови, а тој повеќе би сакал да остане дома и да го гледа својот омилен филм по којзнае кој пат. Можеби вие сте лидерот на работното место; сакате да ги организирате работите, а тој претпочита да му се дадат инструкции по кои ќе се води. На крајот на краиштата, можеби вие сте ранобудник, а тој сака да спие до доцна. И најмалата ситница може да се претвори во сериозен проблем, ако не знаете како и кога да го изнесете тоа што ви пречи и би сакале да се промени. Решението е да го прифатите, а не да се обидете да го промените; разгледајте ги останатите опции пред да се впуштите во жестока расправија без поента.

ОДБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ

Проблемите нема да се решат тогаш кога сте уморни, гладни, раздразнети, под стрес или кога имате некоја друга работа. Не карајте се додека готвите, додека одите кон работното место, или преку телефон. Оставете ги важните разговори за некоја подобра прилика.

НАУЧЕТЕ ДА ПРИФАЌАТЕ

Не можете да го промените секој човек на светот. Дури и да има такви изгледи, ќе промените само дел од него, и тоа само затоа што тој има волја за тоа. Но, никогаш нема да навлезете во сржта на неговата личност и да ги промените неговите карактеристики вкоренувајќи му го тоа што вам ви одговара. Научете да го сакате поради тоа што е, а ако не ви успева, тогаш тој можеби не е вистинскиот за вас.

НЕ ИЗБРЗУВАЈТЕ СО ЗАКЛУЧОЦИ

Можеби тој е уморен, нерасположен, или пак има некоја друга грижа што го оптоварува. Имајте разбирање; можеби во тој момент не може да ги согледа последиците од своето однесување. И наместо да почнете да му викате и да го обвинувате дека не се грижи за вас и вашата врска, оставете го некое време. Кога ќе се почувствува подготвен за разговор, самиот ќе го побара тоа од вас.

НЕ БАРАЈТЕ ВИНОВНИК

Тоа е тајната на успешните бракови. Пристапот кон проблемот е најважен за негово понатамошно решавање. Наместо да критикувате и обвинувате, прашајте го партнерот како се чувствува, можеби има нешто што и нему му пречи. Повишениот тон не е решение за ништо, додека идеите, мислењата и отворениот разговор ќе и дадат сосема нова насока на вашата врска.

БИДЕТЕ РАМНОПРАВНИ

Осигурајте се дека и двајцата имате подеднакво време да ги искажете своите мислења. Ако се обидете да доминирате, само ќе му покажете дека не сте подготвени на компромис, а тоа ви одзема поени. Не го прекинувајте, оставете го да се искаже, помалку зборувајте и слушајте го до крај. Охрабрете го да се отвори и дајте му на знаење дека сакате повратна информација.

ПРЕКИНЕТЕ ЈА ДИСКУСИЈАТА НАВРЕМЕ

Доколку забележите дека едниот од вас премногу се вознемирува и разговорот го претвора во конфликт, веднаш прекинете. Не се размислува со жешка глава, а во такви моменти лесно може да излетаат зборови за кои подоцна ќе зажалите. Одете во посебни соби, излезете надвор, прочитајте неколку страници од омилената книга, згответе нешто... најдете начин да „оладите", и да ги спречите сите лоши мисли што ќе се обидат да ви навлезат во главата.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?