vo_krevet_nemaat_seksКако да откриете дека е лош љубовник?
Неколку знаци кои ќе ви помогнат да откриете каков љубовник е.
so_notes_pravi_shhКои се тајните на вашиот партнер?
Кои работи едноставно не сакаат да ги споделат со вас и сакаат да останат приватни?
razdelija1Како мажите преболуваат разделба?
Кога вратата сигурно е заклучена и нема ниту еден сведок тогаш е единственото добро време за солзи.
zagrizen_glea_niz_prozorШто мисли за ултиматум?
Како размислуваат вашите партнери кога ќе им поставите ултиматум?

Помогнете му да признае дека е хомосексуалец!

jako_im_e

Колку порано дојдете до вистината, толку полесно ќе се соочите со неа!

Веќе подолго време се сомневате дека вашето момче е хомосексуалец, но не знаете како да дознаете? Сте пробале со следење, со читање на неговите пораки, проверување на неговата електронска пошта, прислушкување на неговите разговори, но не сте го дознале тоа што сакате...Не е лесно да се дознае дека вашето момче е хомосексуалец. Но, кон тоа не треба да пристапите со остра реакција, затоа што така само ќе ја примите негативната страна од неговите емоции, затоа што тој веќе е во пекол од самото сознание. Затоа земете длабоко воздух и размислете пред да избувнете!

Пробајте да изгледате како да немате проблем со тоа што вашето момче е хомосексуалец. Но, ќе успеете само доколку тој е комплетно искрен спрема вас. Се разбира, тоа нема да ја олесни болката, но барем ќе ви помогне да продолжите со вашиот живот. Ова се нашите предлози:

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НЕГОВИТЕ СТРАВОВИ

Многу е веројатно дека вашето момче знаело уште пред да започне врска со вас дека е хомосексуалец и бил преплашен да се соочи со тоа. Но, можеби дознал за своите чувства кон истиот пол од кога започнал врска со вас (што е многу честа појава). Најверојатно му е страв дека целиот свет ќе му се урне и дека вие ќе го мразите или дека ќе го одбегнувате по признавањето. Вие го знаете најдобро, па затоа пријдете му и дознајте кои се неговите стравови. Сигурно на почетокот на вашата врска било премногу лесно да разговарате за сите тешки ситуации. Пробајте да го ислушате, да му покажете дека не го одбивате и пробајте да влијаете на неговите одлуки. Покажете му дека ја прифаќате неговата сексуална определеност, иако вас тоа ве боли. Стиснете заби и покажете му дека што и да се случило, Вие ќе бидете секогаш покрај негокако пријателка!

ТРГНЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЕМОЦИИ НА СТРАНА... БАРЕМ ЗАСЕГА!

Знаеме дека болката е голема, но за да добиете повеќе информации и за да дознаете повеќе за тоа како дознал за хомосексуалноста, мора да имате бистра глава. Ќе имате доволно време за она „Но, зошто ме лажеше? Зошто не ми кажа дека си хомосексуалец?" Бидете разумни и рационални и нека почне да ве гледа како пријателка, а не девојка. Ќе му покажете дека го разбирате и дека можете на позитивен начин да комуницирате со него, дека сте зрела личност и дека можете да разговарате како двајца возрасни. Ваквиот метод секогаш успева, за разлика од оној со викање и со навредливи зборови.

ПОВТОРНО СТАНЕТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Ако навистина вашето момче е хомосексуалец, вие би биле последната личност на која би сакал да се довери. Ако одамна престанал со водење љубов или со интимности, тогаш знајте дека се дистанцира. Сфатил дека згрешил. Да, ве сака, но нема храброст да ви ја каже вистината. Знае дека признанието ќе му го промени целиот живот, врската и се друго од што зависи. Бидете другарка која штотуку ја запознал. Најпрво, покажете дека сте помирена со неговата хомосексуалност. Пробајте да најдете начин со кој ќе му покажете дека според Вас, нема ништо лошо во тоа да сте хомосексуалец. Сепак, бидете внимателна како го правите тоа за да не го налутите и да се почувствува како да го обвинувате за нешто. Бидете трпелива. Ќе ви каже се кога ќе се почувствува подготвен.

БИДЕТЕ ОТВОРЕНИ

Се досега, работите се одвиваа споро. И вие сте во оваа врска и заслужувате одговори. Можеби ќе ги добиете со мал конфликт, но чувствувајте се пријатно еден покрај друг пред да го започнете разговорот. Седнете го и кажате му како се чувствувате поради неговото однесување. Покажете му дека ви е важна неговата среќа, но дека сакате да знаете дали е искрен со вас. Кажете му дека не сакате да се карате или да го обвинувате со лажни обвинувања, туку дека само барате да биде искрен со вас, исто како што сте вие со него.

СФАТЕТЕ ДЕКА МОЖЕБИ НЕ Е ПОДГОТВЕН

Доколку не успеете со разговор, можеби не е подготвен за тоа (или едноставно не е хомосексуалец и вашиот разговор го смета за смешен). Треба да знаете дека никогаш нема да добиете прецизен одговор дека е хомосексуалец. Не можете да го присилите да признае. Се што можете данаправите е да изгледате фина и да забележите дали тој е подготвен да биде фер спрема вас. Доколку не е, тогаш тоа е вистинскиот момент да престанете да зависите толку од него и да се заштитите самите себеси.

Повеќе за:


 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)