
Поставете си го прашањето дали би сакале тој повторно да биде со вас само заради чувство на вина?
По неколку денови или недели од прекинот на врската, повеќето девојки прават избразани потези за да ги измазнат недоразбирањата. За жал, повеќето од тие се погрешни. Веднаш по прекинот на врската, се прават грешки со кои може да се изгубат сите шанси за повторно смирување со вашиот бивш. А, кога веќе еднаш ќе ги направите, нема враќање назад. Може многу лесно да го оддалечите партнерот од вас, што е сосема спротивно од тоа што сакате да го постигнете .Затоа е важно да ги препознаете вашите лоши постапки и да спречите уште пред да се случат.
ПЛАЧЕЊЕ И МОЛЕЊЕ ЗА ВАШАТА ВРСКА ДА ПРОДОЛЖИ.
Ова никогаш не дозволувајте да ви случи. Дајте си простор за да се смирите, да ја оцените целовкупната ситуација и тогаш пријдете му рационално. Плачењето води до хистерија, а со тоа никогаш ништо не се постигнува. Поставете си го прашањето дали би сакале тој повторно да биде со вас само заради чувство на вина? Тие врски што се базираат на чувство на вина секогаш завршуваат брзо по помирувањето.
БАРАЊЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНОТ.
Не форсирајте го партнерот да ви ги каже причините поради кои ви раскинал. Едноставно прифатете ја причината која ви ја дал, иако ви изгледа како глупост. Ќе имате доволно време да дискутирате за тоа додека трае процесот на помирување.
ПОСТАВУВАЊЕ НА УЛТИМАТУМИ.
Ова никогаш не функционира. А, и вие не сте во позиција да го барате тоа од него. Сепак тој ја прекина врската. Најдобриот начин за да го вратите назад е да направите да му недостасува. Пробајте да се држите на дистанца од него.
ТЕРОРИЗИРАЊЕ НА ПАРТНЕРОТ СО ПОРАКИ.
Со ова само ќе ги намалите шансите за повторно да бидете заедно. И двајцата ќе станете збунети и нервозни, додека се обидувате да се објасните преку пораки. Со константно пишување на пораки, сигурно нема да направите да му недостасувате, туку ќе го оддалечите уште повеќе.
Во времето лежи решението...
Не заборавајте, за да го вратите назад треба да му дадете време и простор колку што нему му е потребно. Шпионирање, поминување покрај неговата куќа или „случајно" налетување на него, не би помогнало. Морате ментално и емоционално да се одвоите од вашиот партнер, за да можете да ги согледате реално работите и да донесете правилна одлука.
ОЧАЈНО ОДНЕСУВАЊЕ.
Ќе се чувствувате тажни, депримирани и психички слаби по прекинот на врската. Овие чувства се сосема нормални кога сеуште сте заљубени во партнерот. Но, морате да ги избегнете по секоја цена за да не се најдете во неповолна и очајна ситуација. Останете цврста и со тоа повеќе ќе му го привлечете вниманието. Заменете го вашиот очај со некоја активност, излезете и правете нешто што ќе ви го одвлече вниманието од вашиот бивш. Можете да посетувате фитнес, да се подобрите самата себе си или едноставно дружете се повеќе со пријателките. Што и да правите не останувајте сама со мобилниот, чекајќи го неговиот повик.
ФЛЕРТУВАЊЕ СО НЕГОВИТЕ ДРУГАРИ.
Ќе се изненадите колку само девојки го прават ова. Создавање на љубомора не е најдобриот начин да го вратите. Со ова тој може да ве замрази, никогаш нема да го заборави тоа, а и доколку повторно бидете заедно ќе биде непријатно за сите.


















































