
Мажите кои еднаш биле повредени тешко се заљубуваат по втор пат.
Зошто секогаш изгледа дека жените жалат за прекинот на врската со недели додека мажите веднаш продолжуваат понатаму? Сепак, излегува дека тоа и не е баш така. Всушност кога станува збор за раскинување и на мажите им треба време за да ја преболат девојката. Прочитајте низ што поминуваат мажите додека се обидуваат да ве заборават. Дознајте која е разликата помеѓу вас и нив!
Мажите ја симнуваат девојката од пиедестал
Тие не ја идеализираат и не ја претвораат во нешто совршено. Не се брзаат да одговорат на нејзините повици и пораки. И дефинитивно не и придаваат големо внимание, особено кога таа повеќе не го заслужува тоа.
Што прават девојките? Кај девојките е многу поразлично. Во повеќето случаи вие ги паметите убавите работи, па дури и премногу го идеализирате партнерот. Колку повеќе мажот се оддалечува од вас, толку повеќе вие трчате по него.
Мажите ставаат дефинитивен крај
За нив е важно да стават дефинитивен крај на врската. Едноставно да направат да исчезнат сите надежи кај жената за повторно смирување. Понекогаш тие знаат и да користат доста груби зборови што навистина можат многу да повредат.
Што прават девојките? Ретко која жена е способна за грубо раскинување. На повеќето, им е потребно долго време само за да смислат зборови како да стават крај на врската, без да го повредат партнерот.
Мажите не се јавуваат
Кога врската ќе заврши, тие прекинуваат секаков контакт со девојката. Во спротивно би полуделе. Гордоста на мажите е поголема, па поради тоа тие ретко знаат да молат. И се уште да ве сака не се надевајте многу дека тој прв ќе крене слушалка.
Што прават девојките? Иако врската е веќе прекината, сигурно вие знаете да се најдете во ситуација со мобилниот во рака, пишувајќи му порака. Тука жените знаат многу да попуштат, па дури и да претераат со повици.
Ги избегнуваат вашите пријатели и местата каде излегувате
Не се мешаат во вашата територија. Едноставно ќе ги снема. Ќе си најдат други места за излегување и ќе стекнат нови пријателства. Ќе се обидат на секој начин да избегаат од вас.
Што прават девојките? На секој начин ќе се обидете да дознаете каде излегува. Ќе пробате да останате блиски со девојките на неговите пријатели само за да извлечете некои информации. Наместо да продолжите понатаму, вие ќе се најдете заглавени во минатото што сте го имале со него.
Мажите исфрлаат се што ги потсетува на вас
Мажите сакаат што побрзо да се ослободат од сеќавањето на вас. Можеби тој нема да ги исфрли сите ваши слики, подароци, мечиња, но секако дека ќе ги тргне на место каде нема да ги гледа.
Што прават девојките? Колку и да посакате да го направите истото што и мажите, тоа нема да биде толку лесно. Жените многу се приврзуваат за материјални работи што имаат емоционално значење. И вие ќе успеете да ги тргнете сите работи што ве потсетуваат на него, но за тоа ќе треба малку повеќе време, во споредба со него.
Ги паметат лошите моменти
Ако тие се чувствуваат носталгични, тогаш се тешат потсетувајќи се на времињата кога не ви било убаво. Тоа многу им помага да ги оттргнат мислите од вас и да се спречат самите себеси повторно да се најдат во ваша прегратка.
Што прават девојките? Девојките кога и да се присетат на минатото, тие се навраќаат на убавите спомени (само доколку не ви згрешил премногу). Можеби и токму поради тој факт, тешко ви е да останете ладнокрвни кон него. Убавите времиња ве поттикнуваат да сакате да добиете уште повеќе од сето тоа.
Спијат со други девојки
Многу мажи со скршено срце се лечат на овој начин и тоа со добра причина. Ова е единствениот начин да се чувствуваат подобро, иако се свесни дека тоа трае само привремено.
Што прават девојките? Тие девојки кои биле повредени често знаат да се затворат во 4 ѕида и одреден период да се дистанцираат од се, пред повторно да се вратат во нормала.
Факт е дека жените потешко и побавно го пребродуваат раскинувањето, но откако тоа ќе се случи тие се подготвени да му дадат шанса на некој друг, повторно да се заљубат и да веруваат. Мажите кои еднаш биле повредени тешко знаат да се отворат и повторно да веруваат во љубов.


















































