
Треба ли да го прифатите лошиот секс само затоа што го сакате партнерот?
Имавте лош сексуален однос со партнерот? Како треба да постапите? Кој е најдобриот начин да му соопштите? Дали треба директно да му кажете, да му наговестите, или пак тоа да го прекриете? Откријте што не треба да правите ако се најдете во ваква ситуација. А, воедно прочитајте ги и неколкуте изјави на посилниот пол!
ИЗБЕГНЕТЕ ГИ ДИРЕКТНИТЕ ОБВИНУВАЊА!
Ако не сте задоволни од сексот со партнерот, не треба да криете, но мора да го одберете вистинскиот момент и зборови со кои нема да го повредите него. Најголемата грешка што луѓето ја прават, кога станува збор за овој проблем, е тоа што разговараат веднаш откако се случил неуспешниот секс. Пред да избрзате со прерани заклучоци, дајте му уште некоја шанса. Ако и понатаму сексот не се подобри тогаш дефинитивно треба да разговарате со него. Немојте ако сексот навистина не ве исполнува вие тоа да го криете само за да не го навредите партнерот.
Влатко: Токму тоа ми се случи на мене. Се беше супер со девојката. Имавме навистина добра комуникација. И дојде моментот кога требаше да бидеме интимни за прв пат. Откако тоа се случи, девојката ми рече дека воопшто не сум ја задоволил. Наредниот ден ниту јас, ниту она се јави. Дали за мене сексот беше добар? Искрено сум имал и многу подобар. Но, сепак тоа ни беше прв пат, а некои работи не можеш да ги знаеш за толку кратко време.
НЕ СПОРЕДУВАЈТЕ ГО СО БИВШИОТ!
Сте се навикнале на различни сексуални активности што сте ги имале со претходниот партнер и тоа ви недостига - но не му го кажувајте ова на сегашниот партнер. Може навистина да го повредите. Најдобар начин за да ги вратите навиките што сте ги имале со бившиот е на итар начин. Кажете му што сакате во сексот, а не дека тоа сте го правеле во претходната врска. Дури не морате ни да му кажете - само преземете ги работите во ваши раце и вие водете ја сексуалната игра.
Иван: Според мене сексот со мојата девојка беше супер. Иако можеби во некои работи поврзани со сексот се разликувавме. Таа беше малку погруба од мене. Јас се трудев да внесам некои работи што знаев дека таа ги сака, но секогаш ми беше незгодно кога таа зборуваше за нејзиниот бивш. Значи не можев да разберам како можеше да ми кажува толку интимни работи од претходната врска. Не знам ни јас самиот како после сите тие работи јас останав во врска со неа. Но, еден ден не можев повеќе да ги слушам комплиментите за бившиот, па ја прекинав врската.
НЕ ЛАЖЕТЕ ГО!
Проблемот се зголемува уште повеќе кога вие не сте уживале во сексот, а партнерот го мисли сосема спротивното. Затоа не лажете и не глумете. Ако не доживеете оргазам, признајте го тоа. Соопштете му го тоа на суптилен начин за да не го повредите. Ако продолжите со лагите кога тогаш ќе ви биде доста од партнерот и ќе треба да му ја кажете целата вистина - дека никогаш не сте уживале со него!
Андреј: Со претходната девојка бевме во врска долго време. Можам да кажам дека се беше совршено - барем така мислев. Никогаш не се имаше пожалено за сексот и секогаш доживуваше оргазам. Дури и сме правеле муабет на таа тема и таа кажуваше дека премногу ужива во сексот со мене. Но, се тоа било лага. Се било глума. На крај таа самата ми кажа дека никогаш сексот не е и бил убав. Не ми е јасно зашто од самиот почеток не ми кажа, сигурно би можеле да направевме нешто во врска со тоа. Да беше искрена можеби се ќе беше поразлично.


















































