
Според истражувањата, 53% од мажите преферираат жената да ја преземе контрола во сексуалниот живот.
Како преку сексот да дознаете каков ќе биде тој во врска? Експертите конечно открија, но сепак тврдат дека има и исклучоци. Забележете која поза тој најмногу ја преферира и со тоа ќе откриете дали тој е внимателен, романтичен или пак резервиран во врска.
МИСИОНЕРСКА ПОЗА (мажот врз жената)
Мажите кои ја преферираат повеќе оваа положба ги прават работите според книга, односно тие се верни, грижливи момчиња кои нема да ве разочараат. Ако повеќе сакате врска која е стабилна и полна со нежности тогаш момчето кое ја преферира оваа положба е за вас вистинскиот.
СТРАНИЧНА ПОЗА
Мажите кои сакаат да бидат припиени до вашето тело сакаат да бидат сигурни за чувствата на партнерката. Според експертите оваа сексуална положба овозможува многу интимност, што покажува дека тој е сензитивен и сладок тип. Ако имате вакво момче тогаш романтиката никогаш нема да ви недостига во врската.
ДОГИ ПОЗА
Секогаш ќе се грижите за неговата доверба поради тоа што тој нема многу да верува во вас. Тој е тип на момче кое ја држи контролата во раце. Понекогаш може да биде ладен, непријателски растроен и резервиран. Според експертите оваа положба ја преферираат мажи поради тоа што не мора да остварат контакт со очи, па заради тоа нема тој да се изложи пред вас емоционално.
МИСИОНЕРСКА ПОЗА (жената врз мажот)
Според истражувањата, 53% од мажите преферираат жената да ја преземе контрола во сексуалниот живот. Овие момци секогаш бараат добра забава, но сепак знаат како да бидат внимателни и нежни кон вас. Задоволувањето на вас е приоритет и токму поради ова тие преферираат позиција која ќе ви биде најдобра за да постигнете оргазам.


















































