
Жените се такви комплексни суштества што не сакаат нерасчистени ситуации. Сакаат во секој момент да знаат на што се, со било која личност, не само со партнерите.
Жените се такви комплексни суштества што не сакаат нерасчистени ситуации. Сакаат во секој момент да знаат на што се, со било која личност, не само со партнерите. Но, постојат некои одредени реченици со кои можете комплетно да ги извадите од такт.
Следниве реченици е попаметно да ги премолчите отколку да ги кажете.
МОЈОТ БИВШИ ГО ПРАВЕШЕ ТОА ПОРАЗЛИЧНО
Премногу низок удар му задавате. После реченицава сметајте дека вашиот партнер нема да има никаква самодоверба.
БИДИ МАШКО
Нема ништо полошо од оваа реченица. Дури и да ја изговорите во состојба на афект, му кажувате потајно што мислите за него. Верувајте дека долго време да ќе му треба да се соземе по ваквата реченица.
МОИТЕ САКААТ ДА ТЕ ЗАПОЗНААТ
Оваа реченица има две значења: или му нагласувате дека вашата врска е сериозна или вашите родители сакаат подобро да го запознаат зетот.
МОЈАТА ПРИЈАТЕЛКА СЕ ВЕНЧАШЕ
Ваквата информација изгледа сосема безопасна, но и двајцата знаете дека таа значи - кога ќе се венчаме ние? Оставете работите да си течат по природен тек.
УМОРНА СУМ
Тоа значи ништо од сексот. Обидете се да не се извлекувате на лесни финти од типот на „Ме боли главата!" Кажете му дека сте имале напорен ден и дека треба да се одморите убаво за работите кои допрва ве чекаат.
МИСЛИШ ДЕКА Е УБАВА?
Ако ви каже не, знаете дека ќе ве излаже и веднаш ќе настане караница. Но, што ако ви каже да? Затоа најдобро да премолчите. Ако забележите дека мерка некоја девојка, почнете и вие да меркате некое момче. Веднаш ќе забележи дека тоа што го прави е погрешно.
МОРА ДА РАЗГОВАРАМЕ
Упс! Што ли го чека сега? Пак долга караница за тоа како не ви посветува доволно внимание? Со ова не си помагате ни на себе, а богами ниту на него.
ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ?
Секоја жена по природа е љубопитна и сака да ја знае секоја емоција и мисла на својот партнер. Но, за жал, мажите не се како нас. Тие не сакаат да дискутираат за тоа што им се случува.
ЗАБЕЛЕЖУВАШ ЛИ НЕШТО РАЗЛИЧНО НА МЕНЕ?
Нормално е машкото да не ја забележи вашата нова фризура и треба да разберете дека тие работи не му се толку важни. Не се вознемирувајте ако не ви каже дека добро ви стои. Едноставно тие се такви.


















































