
Играчките и мечињата со кои што сте си играле додека сте биле мала, одамна треба да бидат тргнати од вашата соба.
Кога сте во врска со некоја личност, тоа значи дека таа личност мора да се чувствува сигурно во вашата околина. Тоа подразбира да не се сомнева во вас во ниту еден момент. Постојат некои женски ситници кои можат да го натераат да се чувствува несигурно кога е со вас.
Дознајте кои се тие.
ЛИТЕРАТУРА
Секој има фаза во животот, во која се читаат книги за зголемување на самодовербата, за животот и слични книги за психолошка помош. Но, кога тој е со вас, погрижете се тие да не стигнат до него. Сигурно не сакате да си помисли дека нешто сериозно не е во ред со вас.
ЖЕНСКИ СИТНИЦИ
Влошките, тампоните и останатите женски ситници се работи за кои мажот не треба да знае. Затоа држете ги настрана од него. Не мора да му откривате се за себе.
СЛИКИ ОД БИВШИОТ ДЕЧКО
Бившото момче е бившо момче. Нема никаква потреба неговата слика да стои во вашата соба или во дневната. Тоа не значи дека треба да ги запалите сите слики со него, но едноставно да ги ставите на место каде што нема често да бидат гледани. Не значи дека веднаш треба да ставате слики со новото момче, но не треба да го уплашите со сликите од поранешното момче.
СЛИКИ НА ФРИЖИДЕРОТ
Сликите од манекенки кои сте ги закачиле на фрижидерот, тргнете ги. Тоа не е добар знак за нив. Тие сакаат сигурни и решителни жени, а не несигурни кои имаат потреба од некаква мотивација за да сторат нешто.
СПИСАНИЈА
Сите читаат весници и списанија од време на време. Но, тоа не значи дека на ноќната масичка до креветот треба да го имате најновото списание со свежи трачеви. Може да му биде знак дека сте несериозна и површна.
КАЛИФЕНИ ИГРАЧКИ
Играчките и мечињата со кои што сте си играле додека сте биле мала, одамна треба да бидат тргнати од вашата соба. Тоа само покажува дека се уште немате пораснато и дека сакате да најдете некое момче кое постојано ќе се грижи за вас.


















































