
Доколку сакате да дознаете малку повеќе за вашиот партнер, се што треба да направите е да го погледнете неговиот нос.
Обликот на носот ја открива животната сила и сексуалната потенција на човекот. Доколку сакате да дознаете малку повеќе за вашиот партнер, се што треба да направите е да го погледнете неговиот нос. Тој ќе ви открие многу работи кои досега сигурно не сте ги знаеле.
Меснат нос
Великодушен, емотивен, но не знае да ги покаже своите чувства. Одличен љубовник и знае како да ја задоволи и усреќи својата партнерка. Сака да доминира во врската и ги сака стабилните жени на кои можат да се потпрат во кризни моменти.
Прчест нос
Тој е разумен, смирен, духовит, забавен и практичен. Има многу пријатели и е најсреќен кога може да им помогне на оние кои ги сака. Сака да биде во центар на вниманието и се труди на професионален план да постигне успех. Никогаш нема да ги открие вашите тајни. Не е авантурист и ужива во долгите романтични врски.
Правилен нос
Лесно се вљубуваат и ги сакаат долгите врски. Верни, но љубоморни. Љубопитни и склони на експериментирање. Сакаат да ги анализираат сите ситуации и ги привлекуваат срамежливите девојки, за да можат да се потрудат околу нивното освојување. Понекогаш можат да бидат вообразени и да ги омаловажуваат луѓето околу нив.
Крив нос
На прв поглед е стабилен, упорен и силен. Но, всушност тие се несигурни и не знаат како да ги решат сопствените проблеми. Сакаат да се караат, нетрпеливи се и мислат дека се постојано во право. Со девојките се врзуваат само за задоволување на сексуалните потреби.


















































