
Жените не сакаат кога влакната на мажите излегуваат преку кошулата.
Заборавената годишнина, неверството, неделните обврски можат да им изгледаат како комплетно неважни кога ќе се споредат со влакнестиот грб, првутот...
Во глобала, девојките се уредни и сакаат да користат скапи препарати за да останат млади, за да имаат бујна и убава коса, да изгледаат младо, да бидат секогаш депилирани...
Затоа не е ништо чудно што очекуваат барем дел од тие работи да ги прават и нивните партнери.
Кои работи не палат кај девојките?
Лоши заби
Бакнежот може да биде поинтимен дури и од сексот, а во лошите заби нема ништо секси ниту привлечно. Секако дека квалитетот на забите зависи од многу фактори, но хигиената е поважна од било што.
Првут
Можеби првутот бара почесто миење на косата, но може да се излечи. Не е убава глетката кога црната кошула има бели точки на јаката.
Влакнест грб
Една од работите кои дефинитивно можат да го упропастат денот. Жените не сакаат кога влакната на мажите излегуваат преку кошулата. Знаеме дека депилацијата е болна, но кога ние можеме на секои 10 дена да се депилираме, зошто не можат и тие?
Влакна од нос
Лошо е кога влакната од носот ѕиркаат секој пат кога ќе се обидеме да го бакнеме или пак кога се обидуваме да водиме разговор со партнерот.
Лош мирис
Еден од критериумите при избор на машко е секако мирисот. Доколку машкото мириса лошо, со сигурност ќе ја избрка жената и нема да ја привлече.


















































