
Мажите секогаш се жалат дека тие се оние кои го прават првиот чекор. Сигурно не сакате вашето момче да се жали.
Секој човек, па дури и вие, имате посебни барања кога станува збор за вашиот сексуален живот. Можеби не секогаш ги кажувате јасно и гласно, но сепак си ги имате зацртано во глава.
Истото се случува и со вашиот партнер. Можеби нема да ви ги каже, но дознајте кои се неговите сексуални заповеди. Можеби ќе успеете да го подобрите сексуалниот живот.
Покажете му
Машките сакаат да гледаат дека нивната партнерка ужива во сексот со нив. Покажете му дека уживате. Слободно можете да бидете вулгарна. Тоа е убава музика за неговите уши.
Охрабрете го
Многу често, мажите се несигурни за нивните сексуални способности. Охрабрете го. Кажете му дека тој е единственото момче кое го посакувате. Пофалете го начинот на кој ве допира, докажете му дека уживате при секој сексуален однос со него.
Земете ги работите во сопствени раце
Веќе доволно добро го знаете неговото тело и неговите ерогени зони, кои ги има во изобилство. Не се фокусирајте само на една. Работете на повеќе. Експериментирајте и бидете многу креативни. Тоа со сигурност ќе му се допадне.
Прифатете си го телото
Вашето момче не ви е ниту мајка, ниту пријателка, ниту сестра. Тој ви е сексуален партнер. Затоа не ги нагласувајте вашите маани. Речениците за целулитот, малите гради или мекиот задник се строго забранети. И без тоа, тој има попаметни работи отколку да размислува за целулитот, кој сигурно го немате.
Сакаат да замислуваат визуелно
Не го гасете светлото и оставете го да ужива во вашата убавина. Не се срамете од своите маани. Запаметете дека и тој ги има. Извадете го градникот, исправете се и не затворајте очи. Дури и вие уживајте во сопствената претстава.
Направете го првиот чекор
Мажите секогаш се жалат дека тие се оние кои го прават првиот чекор. Сигурно не сакате вашето момче да се жали. Соберете храброст и вие направете го првиот чекор. Доволно е само да му дадете на знаење дека сте подготвени. Може да го направите тоа со насмевка, поглед, допир или долг бакнеж.


















































